Годишнина, пет години во брак, најсакан мој, а ти 1500 км далеку од мене. Те сакам и ќе го чекам денот кога ќе те гушнам и осетам твојот мирис.
Не можам со тебе, а не можам ни без тебе. Време, време, време, многу време. И многу труд. И ќе биде. Ќе биде нели?
Најспоро ми проаѓаат последните саати додека дојде време конечно да те видам. Едвај чекам да те изгушкам.
Ама многу ме нервираш на моменти ама пак ми значиш бе да му се невиди Не можам да сум ти љута, а во моментов би те згазила од што ме нервираш па би те згмечила од гушкање од што ми фалиш Ни мене не ми се наоѓа крајот
За првпат се расплакав пред некој... мило ми е што конечно си кажав што ми тежи на срце, ќе спијам сега помирно. Единствен си ми
Кога непотребни мисли ми ги тенчат нервите ми фалиш ти да ме насмееш. Иако ми пиша да бидам мирна и спокојна и да правам како сакам ама тоа не е тоа.
Вечерва преубаво си поминав бидејќи ти беше тука. Никогаш претходно не сум се изнаиграла така безгрижно, слободно, да не ми е гајле колку луѓе ме гледаат и што си мислат. Понесена од ритамот на музиката танцував со тебе, додека едвај можев здив да земам. Повторно вака да се изнаиграме.
Би ти докажала колку те сакам ама никогаш нема да го постигнам тоа, ја обожавам твојата енергија што ми ја пренесуваш, после секое разделување се прашувам како ќе се успијам без да ме гушнеш и јас да се стуткам во тебе. Цела вечност ми е малку со тебе.
Последните 2 години од животот ги поминав со најпрекрасниот човек на светот. И уште многу години ќе поминувам. Да ни се множат душо моја!
Има денови кога сакам да ти изнакажам се што ми лежи на срце а има и такви кога ништо не ми се кажува.