Кој ли ќе чека уште 10 дена за да те види Се надевам ќе ни испадне прилика помеѓу бар на кратко да се видиме. Се правам силна дека можам да издржам и дека времето брзо проаѓа ама јас добро знам дека секој ден ми е вечност... Ах, тешко е ама ќе успееме.
Кажи ми да не одам и ќе останам.. празно ќе ми биде во душава следните месеци.. празно и во постелата.. само речи ми да не одам и ќе останам.. ..за тебе..за мене.. не ме пуштај..
Фала ти што дојде да се видиме, кратко траеше но сепак фала, знам дека нема да можам да имам нешто повеќе со тебе , дури не верував дека некогаш ќе те запознаам, после долго време да заплачам од среќа , без разлика што нема да трае, сеедно задоволна сум и со толку никогаш не сум барала повеќе нема ни сега, како е судено така.
Едвај чекам утре сабајле да дојдиш да си легнеш до мене и да ме гушнеш најсилно, а јас да се стопам во твоите прегратки.
Знам дека ти фалам. Знаев и дека ќе се покаеш. За чудо, многу побрзо од што очекував. Да ти беше сеедно како што се однесуваше, немаше да ти бидам тема на разговор во друштво. И они ти укажаа дека си грешел, па сега ти светна. Нема пак толку лесно да ме добиеш, ама сега мене ми е многу поинтересно.
Во класичен патетичен манир, си ставив чаша евтино црвено вино за муабетов. Во позадина ми идат The National, ама не дека ме потсеќаат на тебе. Ова веројатно ќе биде последното нешто што ќе го напишам за тебе. До пред малку се ослободував од последните работи кои ми останаа од тебе. Сите слики на мобилен и лаптоп веќе одамна се избришани, многу работи се и фрлени. Но имаше уште по некој спомен, расфрлан низ собиве, кој скришно ме ѕиркаше и ми го нарушуваше мирот. Картичка за роденден што ти ја купив од Америка, една картичка која нас ни ја дадоа, за еден наш повод, тефтери, тетратки и прибор што ти ми ги подари, слики од свадби. Сѐ што можеше да се исече, исеков на мали парчиња, а утре ќе ги фрлам во подалечен контејнер, не ги сакам ни во моето ѓубре. Не сум суеверна, но верувам во енергии, и кога ги гледам се онерасположувам. Знаеш, се плашам да не лажам и за последново, затоа што те преболив полесно и од мојата последна двомесечна „врска“. Можеби навистина тоа се случи, а можеби само ми е потиснато и еден ден ќе ми се вратиш како траума, допрва ќе видиме. Засега добро се држам. Втора чаша вино и сакам под туш. Морам да се средам. Можеби траумата од тебе ми се манифестира преку сета оваа несреденост и недисциплина, затоа што претходно предолго бев лишена од нив. Можеби ми недостасуваше хаосот. А можеби и така си се тешам, а за хаосот сум лично и персонално, одговорна - јас. Додека бевме заедно, неколкупати ти спомнував како сум пишана на форумов, со надеж да ме прочиташ. Со надеж да откриеш некоја моја нова, интересна страна. Никогаш не ме прочита, и не го пишувам ова мислејќи дека ќе го прочиташ еден ден. Ова е последниот поздрав за тебе, но е целосно за мене. Затоа што ми требаше прилично многу време да научам како целосно да си припаѓам. Но тука сме, и веќе никогаш нема да дозволам да му припаѓам повеќе на некој друг отколку на самата себеси.
Колку пати до сега кажав дека нема да пишувам за тебе? И пак секој ден се враќам со по некое рефератче, кратко или долго, сеедно. Многу ми е полесно откако ќе се изнапишам. Ова ме мачеше деновиве, како успеав до толку да го предвидам ова во сон, уште одамна? Секако освен делот кај што се држиме за рака, сепак другари сме нели. Дали тоа е тоа време од месец дена само што го имавме? Или тек ни следи поубав период? Дали ќе се освестиш и ќе сфатиш дека ова не е проклета шала, ова е пекол што трае и копа во срцата веќе 10 години. Колку сакаш одрекувај, колку сакаш избегнувај ме, колку сакаш девојки менувај после ова. Тој поглед кој ми го упатуваш без разлика кога сме сами или со друштво, никогаш никој нема да ми го даде. Исто и ти со мојот. Се разбираме колку и да сме различни. А мојов дел од сонов бе? Кај те чекам 10 години па уште и јас ти прекинувам сега. Ти викам дека подобро е да не се гледаме повеќе, да си останеме другари како и порано. Можеби и најразумното нешто што сум го кажала. Ама за жал, знам дека кога и да ме побараш, колку и да знам дека не е паметно, јас најверојатно пак ќе завршам во твои раце. Ама и ти го сакаш тоа, аман, ПРИЗНАЈ! Дај јави ми се, кажи дека ќе дојдеш за 20 минути со точак а ти веќе после 5 минути си тука а другите 15 стрпливо ме чекаш. Дај пофали се или пожали се за факултет, што и да е ќе сум тука за тебе и го знаеш тоа. Дај уште 50 песни пушти ми, заедно да се дивиме. Знам дека ти реков дека ми здосади тоа, ама во моментов ништо повеќе не ми треба. Дај викни ме пак да гледаме заедно серија, филм, било што, знам дека ти беше убаво исто колку и мене. Дај уште еднаш кажи ми ги тие смотани глупи планови за тоа како јас и ти ќе шетаме летово. Дај уште еднаш наречи го нашето искачање дејт. Дај јави се, ми фали тој глас и моментот кога секогаш креваш слушалка и се чувствува дека со насмевка збориш. Дај уште еднаш се ова од почеток..колку и да беше пеколно. Дај овој пат да го направиме како што треба. Дај опамети се, љубов...
Некогаш мислам дека со мене не си свој. Да ме убиеш мислев дека не си тип што џуска, пре би рекла и во живот ќе се кладам дека ќе дремеш намуртен на маса него да станеш и да играш. Случајно гледав видео од една свадба пред некоја година и погоди кој беше најрасположен на крај за денсање на забавната музика?
Откога си одиш се осеќам како пола човек, не можам да се будам наутро а да не те гушнам и да не го видам тоа мило лице.
Зошто вака се чувствувам? Зошто па токму за тебе? Мислев дека те гледам само како пријател, но потсвеста ми кажува нешто друго. Можеби е затоа што ми недостигаше да се чувствувам повторно вака за некој.. не знам. Но ме плаши. Ме плаши дури и да си помислам дека во тој миг можеби ќе заборавам на она што си го ветив.
Откако не сме заедно како порано има денови кога многу ми фали тоа да си тука и да ме држиш за рака. Некогаш ќе те побарам ќе ми помине мислата додека зборуваме. Ама после е уште потешко, уште ми фалиш и болиш колку и да се правам дека сум те преболела.
Некогаш можеби те ценев и би се жртвувал, исто ко што некои луѓе што ми велеа дека не си за мене, а сепак упорно верував... нема да си ја уништам оваа врска.
Дента пред да заминам тука пишав дека ако ми речеш да останам, ќе останам. Немаше прилика да го прочиташ тоа ама ми рече - Дукице ако не ти се оди, седи си со мене. Што бараш во Израел, можеш секаде по светот а ти за Израел си запнала.. Те погледнав ама во твоите очи видов дека сакаш да одам, дека не сакаш да ме запреш.. И заминав... Денес посакувам да ми забранеше да дојдам.. онака отсечно - Дуки таму не може, што бараш таму! Кога некој ти сее страв во коски, само посакуваш се да е ОК и да се вратиш што поскоро до саканиот.. Сакам да си до мене, денес, утре, засекогаш. Ти си моето СЕ. Ти си тој за кој што сакам да се борам и живеам. Ти ми даваш сила, ти ме трескаш од земја по потреба.. А мислев дека немам што да изгубам... ....твоите очи го кажаа спротивното.. Те сакам ангелу мој повеќе од себе..