Многу ме изненади вечерва...ама негативно. Да видиме што ќе произлезе и од ова, дали ќе најдеш некаков начин уопште да се извиниш...
Понеделник никогаш не ми бил омилен ден. Потоа се појави ти, и со душа го чекав секој нареден, значеше дека ќе бидам стуткана до тебе. Сега те нема, и понеделнициве никогаш толку многу не сум ги мразела.
Се сеќавам кога ми го пушти ова ремек дело и се гушкавме најсилно што може. Се осетив како душите да ни беа една во тој момент. Ми фалиш премногу. Дел од мене секогаш ќе те сака и никогаш нема да преболам што ние не сме ние повеќе, туку само јас и ти.
Бидејќи со тебе можам и да се смеам на глупости и да водам длабоки, сериозни разговори. Бидејќи сме на иста фреквенција. Затоа ми е најубаво со тебе моја сродна душичке.
Вчера преубаво си поминавме доволно е само да ме гушнеш со тебе се е прекрасно ,твојте очи се нешто најубаво те сакам повеќе од себе си.
Кога сме надвор во јавност и ќе ми ја фатиш раката или ќе ме погалиш по лице, кога ќе се загледаш во мене молчејќи и ќе се насмееш, кога одејќи низ тивка улица ќе застанеш само за да ме гушнеш, Тие се тие мали нешта кои се на прв поглед безначајни, но толку ме полнат со љубов
Не си вреден за спомнување. Се прашувам дали и ти чекаш денес порака како што јас чекав пред 4 месеци а не добив ништо Не заслужуваш! Среќен роденден говедо кај и да си со кој да си никогаш да не ме заборајш а јас ќе се смеам со чаша вино и со по некоја солза. Живели.
Штета што вечер нема да те видам. Ех, зар секогаш вака на битните настани нема да сме еден покрај друг? Ама нема да сум тажна, тоа се околностите, во право си.
И сега што? Се е исто години подоцна...само чувствата и љубовта кон тебе ги нема...имам само куп спомени и сеќавања, болки, рани, недокажани зборови и милион ситници... Конечно сум среќна, без тебе среќна, да, звучи иронично знам, бидејќи ни сама не знам како те преболив после толку многу години трескање од земја по тебе.... Ти го подарив половина мој живот, те сакав повеќе од себе, почнав со тебе како мала и луда тинејџерка, а завршив со тебе како зрела жена...да се врати назад времето не би те трпела толку години, не би ти простувала и давала шанси, да, дури три пати го сторив тоа... Лекција си ми, од оние животните, што дури сум жива нема да ја заборавам оваа лекција... Сама сум, осамена сум, ама нема веќе да барам шанси и прилики да бидам моментално исполнета со некого, а во тој некого замислувајќи те тебе, и барајќи те тебе во секој нареден, умреа овие времиња, кои беа многу тешки и болни... Нема да сакам никогаш никој со олкава сила, нема да се посветам на никој повеќе до степенот на кој ти се посветив тебе... Животот продолжува, ама знам дека никогаш нема на никој да му купам блуза за подарок, бидејќи секогаш така ќе се сеќавам на тебе, и ќе ме повредува тоа што не ти ја купив никогаш таа проклета блуза во која секогаш те замислував.....
Им завидувам на сите оние кои успеале да мрднат од мртва точка а јас се уште лутам во место и да не превземам нешто што ќе ми ги среди мислите или да направам нешто да се чувствувам подобро во врска со тебе. Иронично е што на многу луѓе дадов совети како да постапат а јас не можам да го направам истото. И по толку долг период, мене ме боли, сеуште ме боли...твојот поглед, твоите зборови, сѐ. Понекогаш мислам дека на агонијата и нема крај, понекогаш ете,сум среќна, но за жал кратко трае. За среќа, свесна сум дека морам да одам напред, само не знам како, навистина не знам.
Не знам што би ти кажала..пишувам и бришам. Не очекував така да постапиш, посакувам барем во лице да ме гледаше. Немаш храброст? Немам ни јас желба да барам објаснувања. Доволно кажа таа една твоја порака.
5 секунди каква разлика направија. 5 секунди подоцна да пристигнев сигурно ќе се поздравевме. Сега не знам дали ме виде ти мене. Се надевам не. Бидејќи ако ме игнорираш после сето ова, премногу ќе бидам разочарана од тебе.