Многу ме изненади денеска. Ептен убаво си поминавме. Уште сега ми фалиш. Едвај чекам пак да се видиме.
Да бидеш секогаш идиотот што си. Немој да се менуваш. Полошо нешто да ти посакам не можам. Само јас ли налетувам на недостојни за мое време и внимание, а касно ми светнува.
Значи и двајцата сме го мислеле истото додека седевме у парк и ги гледавме дечињата како си играат. Можеби за 15г од сега ќе си речеме дека тие планови ни се оствариле. Којзнае. Убаво би било.
Не плачев за тебе две недели.. денес пак ги насолзив очите. Ајде, можеби некогаш ќе ми дојде паметот.
Мислев дека си поинаков од другите... На една моја контрација испадна најголем лицемер. А можев многу да кажам за тебе... Така би биле исти. Ама само те блокнав без лош збор кажан за тебе. Ќе дојде време ќе сфатиш... Што значи да си човек.
И кога ќе дојде втората недела од јули, кога ќе ги ставаш торбите во багажник за твојот одмор во Грција, нека ти текне дека и моите торби требаа да бидат стуткани до твоите. Јас требаше да седам на совозачко и да ги слушаме нашите песни. Јас да пливам во твоите сини очи уште пред да стигнеме до морето. Е тогаш, се надевам ќе те пецне барем малце срцето. Барем малце да почувствуваш мене како ми е секојдневно.
Без никаков повод, онака како што ме замислува физички и нешто што "отскокнувам" е тоа што сум принципиелен човек и секогаш сакам да е се праведно и " под конец "... за месец дена ми иди роденденот ама сепак фала за вакво изненадување хахаха. Прекрасна личност си ^^
Вечерва си поминавме многу убаво, дури ме потсети на нашите почетоци, можеби дека бевме покрај луѓето покрај кои растеше нашата љубов и беа сведоци на се низ што минувавме на почетокот, а можеби беа тоа погледите во твоите и моите очи опиени од копнеж еден за друг, желба за љубов и многу други нешта кои се само за наши очи и не се опишуваат со збор.
Секој ден, мислам ќе прснам од љубов и среќа и дека не може повеќе да те сакам, а секој ден, те сакам се повеќе. Е, стварно било срцето бунар што не се преполнува. И земам кофичка, и плискам љубов на се' околу мене. Имаш златно срце па ми го растеш и моево, и љубов си, најголема.
Не знам дали се уште те сакам, те немам видено неколку месеци. Сега чувствувам само силен бес, понекогаш и тага, понекогаш и мала доза на вина за тоа што се случи. Ме изеде грижата на совест а не би требало. Посакувам да бев некоја друга личност, подобра, можеби поубава, можеби со поинаков карактер, можеби појака личност да се спротиставам на ова што се случи. Ме убива и тишината, не можам да стиснам заби и да кажам - Доста беше.. Вака ли враќа Господ, ова ли е таа карма, ти да тераш напред а јас да се кршам секој ден одново и одново. Ајде фак ју.