Абе сонце си ми. Баш ми е мило што можев да ти помогнам за ова, иако е ситница, многу се радувам кога сум дел од твоите најобични и секојдневни обврски, некако ме радува тоа многу.
Сакам да ти фалам. Ама она ужасно ужасно многу. Ти видов од очите дека не ти е сеедно. И никогаш да не ти е!
Почнувам да чувствувам некоја одбивност и гадење кон тебе и некој вид на сеедно. Намерно одам на твоите профили за да читам како се лигавиш за неа. Ама спушти се малку на земја, немаш само ти девојка. Со секој таков чекор јас се повеќе се одалечувам од тебе, всушност ми правиш да ми е полесно во преболувањето. Се надевам дека е тука крајот конечно.
Отров си. Отров што се' уште повремено ми протекува низ вените. Отров што направи од мене безмилосна кучка за која мислев дека никогаш веќе нема да е способна да возврати љубов. Ама се излагав. Под мојот оклоп некој најде онолку љубов и нежност колку што заслужува. Ти и понатаму биди среќен додека другите ги правиш несреќни.
Може деновиве се запоставуваме ама ќе надохнадиме за 2недели и ќе уживаме летово. Што да правиме таков период е, тебе колоквиуми, мене полагања за матура, мора да се учи.
Златни правила за периодов: 1. Нема да мислам на тебе. 2. Нема да мислам на тебе. 3. Нема да зјапам во слики од тебе на одмор со саати, дур се смеам ко теле, посебно не во тие каде држиш морски прасиња, или евентуално гушкаш некое куче. 4. Нема да мислам на тебе. 5. Нема да се потсеќам дека си најсилниот антидепресив/амфетамин, што постои. Дека сета анксиозност и АДД ми ги смируваш, ми даваш фокус, само да заспиеш дур ме гушкаш, а јас учам. Знам дека ми даваш простор за испитна, ама овие две недели без тебе ќе ме убијат. Не си свесен колку ми помага твоето присуство. 6. НЕМА да мислам колку ми помага твоето присуство. Уживај на продолжен викенд бејб, го заслужуваш, а сакам да сум таму, да те грицкам и малтретирам дур се сончаме, меѓу шатор и плажа. И помислата на тебе ми дава сила. Со убавиот глагол - те љубам.
Премногу сакам да седнеме некаде во тишина и отворено разговор да направиме. Искрен, од срце разговор. Знам дека нема да го слушнам она што сакам, ама ќе се задоволам со било што, само да добијам closure. Почнувам полека да сфаќам дека изгледа сепак не си ме сакал иако мислев дека е така. Боли, ама полесно го прифаќам тоа отколку да ме сакаш а да ќутиш.
Баш овој период на тебе ме потсеќа. Среќа што времево е никакво, па ми прави мала дистракција, разлика некоја што го ублажува сеќавањето. Ми се буди чувството од тогаш, како песна што буди спомени, така мене ми е континуирано периодов.
А лани овој период се вселивме заедно, колку бевме возбудени дека месец ипол ќе седиме во ист стан, ме навраќаат спомените назад...
Љубовта не е збор, љубовта е акција. Направи разлика помеѓу Те сакам и Посакувам пред да го изговориш првото, дали го чуствуваш тоа?
Колку само силно љубиш , најмило мое цело срце ми го будиш, најмило мое 9 дена, 10 ноќи , бегам од себе зошто ниту еден миг јас не можам без тебе Душа една форумска , ете и јавно да си прочиташ дека не сум без осет кон тебе
Не си ми од помош деновиве ич дури ми правиш додатно стрес, а најмалку ми треба тоа. Или јас премногу очекувам од тебе или пак...не сакам дури ни да напишам. Толку мисли ми се мотаат, тежок период ми е, не сакам да имам мисли и да донесувам одлуки во ваков период кога се осеќам вака.