Прекрасен си и денов е прекрасен со тебе колку само ме смируваш иако последниве три дена ми се лутеше за глупости се надевам дека сфати дека те сакам само тебе дека си единствен и незаменлив .
Со среќа со девојката!!! Не мораше да брзаш да ми кажеш дека имаш друга , и така ќе видев слики од свадбата Баш ми е мило што си најде сродна душа , а јас небитна сум па после месец дена дознав дека сум у триаголник. Како и да е ти посакувам неизмерна среќа во бракот , а горе има некој што гледа се и кад тад се се враќа
Ако реши да продолжиш напред зошто упорно гледаш назад? Зошто следиш што правам? Нема да ти ставам лајк, ниту да ти гледам слики. Не сум јас ти. Штом толку одлучно ме оттргна од себе, гледај напред, јас воопшто да не те интересирам.
Како може да сакаш цел живот со мене да го поминиш а да не знаеш еден проблем да решиш, те тргам постојано од мене со цел да ти текне каде грешиш, и свесен си а ништо не превземаш. Ми се смачи веќе.
Пица купена, филм спремен, уште ти да си дојдеш од работа па да си се стуткам во најбезбедното место за мене, твојата прегратка...доста беше од денов...не ме прашувај како сум поминала...
Втор ден по ред како скоро да сум сигурна, ко да осеќам, се надевам, те чекам, а еве не знам зошто, една порака, дека си запалил кола, еден саат сум од тебе, да пишеш само - тука сум. И соба исчистив. Глупа жена. Не знам што повеќе мразам, што мислам дека би можел да дојдеш, тоа што нема или што уште не научив да не се кршам на сценарија, што не се ни одиграле.
Помина 1г од првиот наш дејт. Го памтам како пред неколку часа да се случило се. Навистина брзо минува времето. Интересно беше лани тој период, да имам прилика да се врати и да го доживеам одново ништо не би сменила. Камоли секогаш да можеше да траат тие убави денови...
Najmilo edno,najnezhnichko devojche moe Te sakam od dno na dushava,iskreno od srce Kolku mn ubavo e pokraj tebe,ehh
Биди ми љубов,биди ми спокој....биди ми човек кој ќе ме сака и во деновите кога немам љубов ни за себе.Направи нешто додека можеш,остави се друго во минатото.Од жарот направи оган сум ЗАСЛУЖИЛА !!!!
Се претвори во се' она што не сакаше да бидеш. Сигурна сум дека ако некогаш се сретнеме, нема да те препознаам. И јас неделава станав се' она што не сакав да бидам. Глупава девојка која живее во минатото, девојка која не може да се заљуби во некој нов затоа што никогаш нема да најде некој како стариот ти. Камо никогаш да не се запознаевме. Камо сега да можев мирно и лесно да заспијам. А ти уживај си во новиот живот, само ти можеш да знаеш дали ти одговара така или играш некоја улога за да се вклопиш каде што не припаѓаш.
Колку сум среќна што пронајдов човек како тебе, човек кој отсекогаш сонував да имам покрај себе и кој ми изгледаше толку добро за да е вистина. Но ете ми се исполна желбата, и секој ден ми го разубавуваш животот. Засекогаш да сме заедно, љубов моја.
Да си тука вечерва.... Те потсеќа на Нокаут нели? Да си тука вечерва, би те гушнала силно, би ги истегнала рацете за да те гушнам околку врат и да те стегам силно се додека не пукнеш од тоа што си буцко. Да си тука вечерва, би ти се фрлила во прегратка уште од влезна врата. Би влегол, и не би ме испуштил од прегратка знаејќи дека и во мојата можеш да ја најдеш утехата која ти е потребна кога цел свет ќе се сруши врз тебе. Би седеле во дневната, гушкајќи се и раскажувајќи си ги овие 2 години откако не сме заедно. Би се испружил на каучот и би ме зел во прегратка како мало маче. Би ме бакнувал во коса и би ме галел, кажувајќи ми како си можел тоа да го направиш. Да ме оставиш сама.Би се стопила во твојата прегратка од љубов и топлина. Да си тука вечерва...
Да ја немаше оваа далечина во километри се ќе беше полесно...Но, сигурно животот ни дал ваков предизвик за да научиме нешто...сигурно е така.
Срцата полни, а утрото ѕвони со љубовен звук, еден за друг и како празник секој почнуваше ден Бакнежи, прегратки, очи насмеани Помниш ли се што имавме премногу среќа за да ни потрае