Ti! Ne si moj izbor! Ti si moe postoenje, moj son, moja sreka, moja najubava nasmevka... More ti si moe se
What you won't do, do for love You tried everything, but you don't give up Се надевам дека си спремен да бидеш целосно искрен. Дали ќе бидеме или не, зависи само од тебе.
За една недела ќе славевме годишнина. Се прашувам како ќе беше да опстоевме заедно после се, какви ќе бевме сега... Цело време осеќам дека останавме недоречени, уште многуу работи можевме да проживееме заедно јас и ти. Само да имаше трпение да ме држиш за рака додека минував низ пекол. Ама нели, послесно е да оставиш се и да заминиш. А, не негирам дека дел е и моја вината, те занемарив во последно, да не претерам ама те зедов здраво за готово. Тоа што врвев низ лоши периоди не е изговор, ама што е тоа е. Биди среќен и немој со наредните после мене да се понашаш толку рамнодушно, боли. А јас ќе те памтам секогаш, ми остави толку убави моменти и разговори доцна во ноќите, на кои се сеќавам со насмевка од 6ка до 6ка. Со никој не сум се осеќала така блиска досега, ама баш со никој. Иако на крај зае*а се, љоко.
Ниеден збор веќе немам. Ми го исцеди срцево до последна капка. Фала ти за уште едно скапано лето, пак сама ќе страдам а ти терај го твојот дупли, скриен живот како и секогаш.
Не можам да верувам дека ова ни се случува. Дека баш со тебе. Со најголемата љубов моја ќе се омажам. Буквално го живеам мојот најубав сон .
Не а глодаш коската а не а ни даваш, свесен си дека не можеме еден без друг, а викаш дека ништо не можеш да решиш, веќе ми е смачено од тоа да избегнуваш проблеми кои се очигледни.
Се сеќаваш ли на мене? Ме мислиш ли понекогаш? Се каеш ли барем малку што ме остави без збор и замина далеку со неа? Ти се исполни желбата да живееш во Америка, но дали ти е полно срцето? Дали си среќен? Ќе се сретнеме ли уште еднаш во овој живот? Душата ме боли за тебе, а не заслужуваш, кретену!
Недостигаш...многу ми е тешко што 2.5 недели не можеме да се видиме поради мене. Во четврток ќе надоместиме се. Ќе дојдат и нашите прекрасни денови. Ќе вреди се ова.
Љубовче, зошто си толку добар бе ? Како е можно да си секогаш смирен ? Знам дека и јас претерувам и знам како ретардирана да ти се изнавикам , а ти само смирено ќе ме изнаслушаш. Сакам да те видам нервозен барем на еден ден, сакам и ти да викаш по мене, ајде покажи малку агресија. И пак ќе ти кажам, престани да ме размазуваш и да ми даваш комплименти, стварно станав лигава , па мене на млади години така не се ме лигавеле ко ти сега што ми одиш по газот, а цело време ти викам , мразам размазени женски и сега јас станав таква А за она другото што те мачи, не се секирај, нема да ме изгубиш, те обожавам и ќе се трудам да ти посветувам повеќе внимание. И почни да правиш планови за идење ваму, знам поминаа 10 дена откако се испративме, ама ми фалиш , да ме гушниш и да си спијам мирно покрај тебе Ти си душа мила, искрена , чесна , манекенче мое високо , бац бац Те сакам
Вчера прв пат се скаравме пред заспивање, мислев дека умирам од физичка болка. И ко мали деца, те буцнав јас, стисок за рака, незабележлив, уште еден, поблиску, не знам дали ти се припиваш во мене, или јас во тебе, и душава ми се врати на место. Не сакам никогаш да заспиеме скарани, ти си ми најмирното место на планетава. Дома си ми, и те љубам.
Со мене цела година со неа нецели 2 недели. Исти подарок добиваме за роденден. Си викам, не е ваљда дека ме рамниш со неа? Ќе се уверам ако истерате 4 или повеќе години. И уште нешто, те мразам ненормално многу.
Мислев дека средбата денес после долго време, откако ми предложи да се преселам кај тебе и да се земеме, при што не ти дадов позитивен одговор, ми беше ептен убава. Разубавен си ми, подмладен и многу позитивен. Дали јас те држев обратно од тоа дури бевме заедно ? Ти рече дека НЕ, дека до летото е, дека Македонија те гушела, прашливите патишта и национализмот, дека си израснат на обала и сакаш таму и да умреш. Ти поверував. Но знаеш друго што воочив ? Дека искрата меѓу нас се намалила, желбата да те грицкам и гушкам е намалена, она што е исто е сексуалниот апетит кој го имаме еден за друг. На ова, ти ми рече дека ќе доаѓаш секој ден, со мене овие 2 седмици дури сум тука. Ќе ја запалиш поново искрата и нема да ме пуштиш во Македонија..... Што убаво ми го кажа тоа, но, не доаѓај те молам.... нашите патишта и гледишта се различни, ти сакаш да се вдомиш, да живееш таму кај што си се родил, да имаме деца.... тоа ти го прочитав на лице кога кондомот ти пукна, и тоа чудно баш пред период кога све е испозатворено, па се зачудив зошто пукна баш сега, зошто вчера не кога партијата секс беше пожестока ? Ти се насмевна. Укапирав јас што беше направил. Но, со сила не бива. Ми велиш, светот ти се срушил кога сум ти кажала дека сум добила пмс.... епа сега ти мене ми го сруши со ова што индиректно призна дека си сакал да сториш нешто... ама, и да сс сторило нешто, ќе абортирав, во тоа биди сигурен. А сега оди си и веќе не доаѓај, не ми досадувај и ти посакувам се најдобро у живот, таму на карпите, прекрасната плажа, куќата твоја и кафичите кои ги поседуваш. Мене остави ми го прашливото Скопје, гадните улици и мојата самотија - бидејќи јас уживам во неа...
Колку сериозни работи да се случуваат секогаш знаеш да ме смириш и да ме убедиш дека за се има решение. Колку си само смирен и рационален... Фала што секогаш ме трпиш дури и кога претерувам. Фала што ми ги бришеш солзите кога и тебе ти се плаче. Фала што ме гушкаш и тешиш кога и тебе ти треба утеха. Фала што ме слушаш дури и кога си премногу изморен од се околу тебе. Фала што се грижиш дали пијам вода и јадам овошје, дури и кога сама заборавам. Фала што секое утро сум покриена, иако заспивам без покривка и фала што секое утро ме будиш со бакнеж во чело па дури и да сме се потскарале вечерта. Моментално не постои посреќна и посмирена личност од мене.