Се заљубив за краток период. Не очекував, ама среќа па и ти си заљубен и од ова произлегуваат само убавини. Трај ми и сакај ме уште долго. Прва вистинска врска и ми се допаѓа како се чувствувам.
Ме боли вратот од лоша позиција на спиење. Се изнавртев низ кревет синоќа. Како би се препуштила на твои раце да ја средат работата.
Ти благодарам за се деновиве, за тоа што ми помагаше, ме охрабри кога требаше и што имаше многу разбирање. Во четврток си мој, ќе те згмечам од гушки.
Ми ги гледаш сликите во рекордни 5 минути после постирање...па човеку толку брзо не ги отвараше моите слики додека бевме заедно..
Се посигурна сум дека не сме еден за друг, ама никако не сакам да си признаам. Те сакам многу, најмногу, сакам да поминам преку се, ама не знам дали ќе можам. Интензивни расправии на секое видување, ми се крши срцето малку по малку секој ден. Ама пак те сака и чука за тебе . Знам дека не си крив, знам дека таков ти е карактерот. Ама не иде. Како да фрлам се во вода? Ти ми ги подари најпрекрасните моменти во животот. Ти си ми се .
Се видовме завчера љубов, колку ни беше прекрасно и самиот знаеш. Таков мир и спокој ми фалеше премногу. А и ти како да се врати во живот додека уживавме во тишината во 3 саатот сабајле, сами, гушнати. Ти кажав ќе ти пишам да се видиме, ама те излажав. Не го очекувај тоа од мене..не после се. И ќе се видиме пак љубов, дали на забава, дали на роденден, после твојот одмор во Будва, после твојот одмор во Грција, после моите испити, после нашите родендени...и на тоа секогаш ќе останеме, нели? Другарски поздрави и погледи со жар упатени. Не можам да поднесам веќе. Проклет да си што толку те сакам.
Секогаш кога одев на кафе или пијачка со другарките тие се тепаа да седат свртени право за да гледале убави мажи, а јас се тепав да седам свртена со грб, не сакав да гледам никој. И синоќа седнав така, и си пиев вотка, и не знам што ме натера да се свртам назад, како да очекував да те видам во толпата народ, ејјј за 5 секунди помина покрај мене... Не знам дали ме виде, веднаш ти го свртив грбот, и по некоја секунда се завртив пак да те гледам како заминуваш, ама не се сврти назад ни ти, а порано секогаш се вртевме назад еден кон друг и ќе се фатевме како се гледаме заедно.... Продолжив со смеа, не кажав на никој дека те видов, никој не забележа дека постојано се вртев наназад, и пак помина по дваесетина минути, и пак за секунда го повторив истото, ти свртив грб одма, сигурна сум дека овој пат не ме виде, и пак те гледав додека заминуваше со завртен грб... И по ѓаволите, зошто пак и пак помислувам на тебе деновиве? Не заслужуваш ни 1% знаеш нели? Зарем вака ќе се сретнуваме цело лето? Очигледно да, како и секое претходно Ама овој пат нема да попуштам, не по четврти пат
Две златни лири ни остави, мојата баба да нѐ поздрави, свадбата кога ќе ја правиме од неа песна да нарачаме Живот мина, таа замина само зборот со нас остана Но љубов летна од дворови, кај друга денес носиш сватови. Одамна ти ме заборави и да ме сретнеш немаш зборови. Јас ти носам тајфа свирачи, стара желба да не ме мачи Среќа ќе ти посакам и ќе ти нарачам за две лири песна да ти прозбори. Ќе ти пеам од срце, со солзи на лице за две лири тага нека изгори Од баба дар е дарувано, но за нас, не ни било пишано. Две златни лири, две судбини, по парче желба ќе ни остани. Јас ти носам тајфа свирачи стара желба да не ме мачи
Кога те гледам се запрашувам со што те заслужив. Толку сладок искрен и секогаш тука за да ме насмејш, расположиш и разгалиш. Премногу го сакам и ценам секој момент поминат со тебе, а вервам дека допрва ќе ги имаме уште многу такви. Ти си мојата најголема поддршка во животов и секогаш ќе сум тука да се потприш на мене. Ти си еден човек со детска и чиста душа. Те сакам премногу!
" И тогаш некоја будала... ќе го спомне ко на шала, твојто име, а јас без глас ќе те проколнам.... што незнам да те преболам… "