Вечерва ми требаше повеќе од кога и да е, многу пати сакав да те побарам, ама разумот не дозволи, иако пијаното срце посегнуваше по телефонот многу пати... Ах
Срц, ај погоди со која песна се разбудив сабајлево ? Одма ми појде умот кај тебе Дали може љубовта, ноќва да ја продолжи? Дали може да ја задржи? Ја имам само ноќва да бидам ја со (неа) НЕГО И не знам дали можам да заборавам. Во гради имам сонце за уште три светови, ако замине ќе изгаснам. Поспиј си, недела е денес, попосле ќе те замарам. Бацки
грешки и се случувале и ќе се случуваат немој да си мрзлив и да се уништуваш психички и физички грижи се за себе и почитувај се а се друго остави на господ.
Не знам дали некој друг би ме издржал во овие десет години. И кога самата не се трпам, и кога се имав откажано од животот, во сите борби со себеси, ти не ме доживеа како напор, како нешто невредно за да се трудиш, напротив, ме држеше за рака, ме дигаше од кревет, разговараше со мене...и не се откажа. А толку ќе ти беше полесно, зашто бев и напорна, и тажна, и депресивна, и љубоморна...и не гледав иднина. Знам дека ова нашево е судбина, никогаш нема да кажам дека бесконечно те сакам, само знам дека кога сум со тебе сум смирена. Знам дека не постои посоодветен за мене, во моментите кога ќе ти легнам на рамо и инстантно ќе заспијам, а ти ќе ме чекаш да се разбудам; во единствениот ден од годината кога ми е роденден и се трудиш да ми биде посебен, па миеш садови, ми организираш изненадување, ми прогледуваш низ прсти кога сакам да се карам и се' ми удоволуваш или пак кога ќе ми дозволиш сама да го испланирам нашиот одмор, без да имаш било какви барања. Судбина си ми ти .
Си ставив некој превез на очи, себично. Толку многу ли сакав да те имам, што ја потиснав реалноста? Што немо слушав поддршка, затоа што мене така ми одговараше. Реално, заебано е. И се чувствувам виновно. Не сакам драми, а сама ги приредувам. Треба да се исклучам од се. Од себеси, од тебе, од секојдневиево. Не смеам повеќе од ова. Колку глупаво се чувствувам...
Кога те нема, наоколу те барам, во туѓата си сенка, во сечии си очи, кога те нема, најприсутен си тогаш, и те има, и те нема и пак те имааа Спојлер Синоќа пак те барав и гледав во сите минувачи, таман мислев те заборавив, ти пак ме опседна целосно, се тоа само за што те видов два пати во две недели, аман имам чувство дека цело лето ќе те гледамОди си ,замини си, врати се назад како порано...
Мораше ли и годишнина и твојот роденден да се погодат да се у рок од 1 недела. Па сите идеи за поклони и изненадувања ми отидоа веќе. Ама ај, ќе си ставам машничка на глава, ќе те гушнам и знам дека сум ти најголем подарок, па не може да се буниш. Ај нека дојде четврток, сакам да сум си со тебе пак.
Досадно ми беше па читав наши разговори. Ми се вратија тие моменти. Како да ги преживувам по втор пат, ептен реално. Имавме обичај пред спиење да збораме саат/ саат и пол. Обично самиот разговор се гасеше кога ќе стигнеше до час и некоја минута и знаевме да си темпираме време и разговор, за да се исклучи во вистинско време кога ќе ги исцрпиме темите на муабет.Така беше и тој пат. Откако исклучи, ми пиша да ти се прејавам уште еднаш. - Аман бе срци, како не ти се здосадив, саат и пол збораме ајде на спиење. -Не не, јави се да ти кажам уште нешто. - Е ај ако веќе инсистираш. Се јавувам... -Сакав само да ти кажам дека те сакам многу многу, убо да спиеш. И разговорот се продолжи за уште пола саат најмалце.. Се би дала да се вратам назад пак. Ама за жал сфаќам дека тоа е, нема враќање. И јас и ти се променивме многу, стигнавме до степен да си вртиме глава. А си бевме се'. И сама сум свесна дека не би била пак со тебе, тоа би било грешка. Ама вака, одвреме - навреме знаат да ме здрмат носталгии. Ќе помине.
Нее неможам да те гледам секој ден од следната недела нее Неможам да те поднесам како се врткаш околу мене и како ме гледаш дирекно во очии а ништо не кажуваш неее Тии гадно суштество, ѓавол со ангелски мил лик и сини очи, биди искрен и кажи што сакаш од мене Сеуште си истиот и сеуште се обидуваш и ти успева да ми ги враќаш чуствата кон тебе Биди искрен, бидии или ќе има кик бокс пред сите или канта ќе ти наврам на главата
Не издржав.... прашав за тебе. Имав чуство дека нема да биде убаво тоа што ќе го слушнам и така и беше... жал ми е...
Дај, дај ми свои усни да ги љубам Нај, нај, сѐ до зори злато мое... Рај, рај е покрај тебе Штом те сакам знај, знај Сѐ ми годи безмерно... П.С. Се осеќам посакувано . Нека потрае периодов
Полека но сигурно те заборавам плачко, дури повеќе и од тоа што сакав и очекував. Изгубив секаков осет за тебе, како воопшто да не сме биле заедно, како да не сме се познавале. Го изгубив и сиот тој гнев што го имав према тебе, дури можам да кажам дека ти посакувам се најубаво со новата сега. А ти..вечно непреболен, и ти полека ми исчезнуваш од мисли. Правам место за еден нов дечко и стварно не очекував дека може некој до тој степен да те засени тебе. Ама знам дека ова е пак некој период, и ти пак за некое време ќе ми се појавиш. Остави ме барем периодов да осетам нешто друго освен тебе. До следен пат..
незнам како да ти се одолжам за се што правиш за мене,за тоа колку ми угодуваш,колку сакаш да ми е добро...