Одамна ми се нема случено некоја да ми обрати внимание како што ти знаеше, тоа е единственото нешто што ми од тебе овие неколку дена..
Љубави, ти ја посветувам песната што ми беше хит 2018 година, преку милион пати преслушана и никогаш здосадена. Секој збор на свое место But you'll never be alone I'll be with you from dusk till dawn I'll be with you from dusk till dawn Baby, I'm right here I'll hold you when things go wrong I'll be with you from dusk till dawn I'll be with you from dusk till dawn Baby, I'm right here
Денеска беше рано, покасно го разјаснив тоа ... ама наредниот пат ќе скокаме заедно од радост љубов моја. Се ќе биде само сакај ме и биди ми ветар кој ме движи напред. Се си ми
Премногу ми е жал што не си до мене да ти помогнам таа болка али знаеш дека сум со тебе и во лошо и во добро, ќе помине се ќе биде во ред и не се откажуваме нели бебенце, одиме понатаму во животот. Многу те љубам
Ова ќе биде нешто сосема ново и за двајцата. Колку и да сум возбудена, исплашена, знам дека не сум сама и ти си до мене. Дека се' ќе биде во ред.
Види да ти кажам нешто..тој беше мој па беше твој и додека беше твој цело време ги пратеше моите чекори, мојот живот. Не можев да дишам од тебе ку*ко една. И сега не е ни твој ни мој ама тоа што зборувам со него не значи дека повторно е мој..се откажав од него веќе одамна и НЕ ГО САКАМ !Те молам престани да ме пратиш зашто ќе мораме озбилно да се расправаме.
Вчера и којзнае кога пак. Не смеев, ама очајно посакував да го осетам твојот бакнеж макар и знаејќи дека можеби е и последен пат. Морам да продолжам понатаму после ова. Можеби во некое друго време, некој поинаков ти и нова јас. 10 години чекав, што значат уште 10..
Срц, знам , ти реков ќе спијам, а јас се вклучив на Фемина ај секако ќе си прочиташ. Абе мило едно, на моменти мислам дека ти си женското во нашата врска, многу си мирен, внимателен, цело време ми одиш по газот, ме слушаш, мојот збор е последен , се осеќам како јас да сум посилниот пол Добро , готово, одам да спијам, утре сум на работа , се слушаме утре пак
многу сум разочарана што не сме фамилија тоа мисловна именка него што не ме викаш да идеме на одмор негде да шетаме да бидеме ѕаедно ко сите други што се, а уште повеќе што си ладен и бесочаен.
Знам дека сме темпирана бомба кога сме заедно и дека е многу подобро вака ама ми фалиш вака во касните саати.. кога е нашето време ми фалиш.. Знам дека и ти мислиш на мене и знам дека бараш причина да ми пишеш ама сега неможеш да ја најдеш како во претходните обиди така? Ама сигурен сум дека ке најдеш сила сигурен сум дека ке ми пишеш кога тогаш не само затоа што ти фалам туку чуствуваш вина на совест поради последниот разговор а и уште се прашуваш како сум и што е ново кај мене. Знам! Во последниве денови неможеш да замислиш колку филмови направив во глава како би изгледал тој наш следен разговор ако некогаш и се случи воопшто..
Фала ти што ме остави без збор, како безвредно ѓубре. Фала ти што ми покажа колку сум глупава што верувам. И пак ти посакувам сѐ најубаво. Од срце.
Поминаа две години но за жал не те заборавив, сеуште си ми во мислите секое утро, секоја ноќ не поминало ден а да не помислам на тебе, каде и д сум и со кого и да сум. Морам но ете не бидува, да не ме бараше полесно ќе беше. Знам нема надеж а проклето се надевам, залудно. Често размислувам се обвинувам себе си дека сум виновна што не успеавме но, не да сакаше ќе се потрудеше. Не ме барај повеќе морам да заборавам, не ми отежнувај.