Последна ноќ во студентскиов. Околу мене расфрлани моменти, емоции, куфери... јас сум легнала на кревет, кај што мислев и умирам и се преродувам заради тебе, и читам стари разговори, ко средношколка. Пред 6 месеци, немаше никогаш ни да помислам дека ќе стигнеме тука. А Утре, ќе заспијам на најмирното место на планетава, во твоите раце. Утре, се' што поседувам ќе биде покрај тебе. Утре, и секој нареден ден, ќе те вдишувам и љубам, секоја ноќ, и секое утро. До наредниот авион. Само чекам да ме разбуди некој од сонов. Утре.
Љубов моја во шоследно време многу се караме ..лутиме без наша причина . Туку поради 3 ти личности како мајка ти што само се мршти ... аамо глава ја боли ...секој ден нешто и е . И сака многу да се меша во бракот. Можеби не е свесна што прави , но со самата шпијонажа и кажување на нешта што не се точни . Како јас суж сакала да ви го растурам семејството е малку глупо ..да го помислиш а не па да го кажеш . Ме повреди тоа многу , нз како да продолжам напред со неа , како да и зборубам , како да се смеам со неа нз како да се однесувам Тешко е за разбирање а и ти плус се налути за друга причина . Па и прашуваш зошто не и зборуваш на мајка ми што да и зборувам ? Како да и зборувам? Со негативност повеќе неможеме во иста ќука а да не зборуваме. Дури и понекогаш се запрашувам да не сум јас крива што молчам и не кажувам ништо. ? Од почит , да нема кавги ,!? Да дозволам да ме навредуваат и измислуват . Па не е само она и старата бабата и таа пак се меше не сум правела јадење , не аум чистела. Само критичарки само да командуваат
Нема да постигнеш ништо што си ги вратил сите слики со мене, колку и да сакам да сум со тебе не можам ме боли ептен, ама морам да издржам да не се повредувам самата и да се ценам онолку колку вредам а ти самиот знаеш колку вредам. Ќе те сакам засекогаш да знаеш само.
Викендов ми беше еден од најубавите во животот. И покрај тоа што времето беше ужасно, мене не ми беше добро, фактот дека дојде до тука да ме изненадиш и да го поминеш викендов со мене ми значи се. Будењето покрај тебе, како ме гушкаше во спиење ми беше преслатко. Ти си мојата личност, и едвај чекам за моментот кога ќе си го делиме креветот секој ден
Додека сонцето се "давеше" во океанот, во милион бои кои се претопуваат една во друга, со ладно мохито во рака под палма прекршена од којзнае колку урагани, на кратко добив желба да ти пишам порака, да ти пратам слика, да ти кажам дека сум тука. Ова беше нашиот сон, јас го живеам без тебе. Те сакав повеќе од животот се' додека не сфатив дека тивко ме "убиваш". Целиот мој ентузијазам, самодоверба, планови за иднината, се' ми уби. Ама не застанав. Продолжив да сонувам, продолжив да си ги реализирам соништата, продолжив да живеам. Имам и зошто, имам и за кого. Не прашувај веќе за мене. Ќе се разочараш. Колку и да ми е тешко и болно, колку спомени и да ми буди секој тон на гитарата, секоја песна што ни беше "наша", секој бакнеж на чело...никогаш нема да дознаеш. А ти...среќен ли си?
Не мораше тоа да ми го кажеш. Можеше само другарски да прашаш како сум, а не до толку да се отвараш. Ќе го препишам на годините.. Ај.
Zlatuvche,fala mu na gospod shto te sretnav vo zhivotov,tolku mila i dusha osoba. Jas tebe mnogu te sakam
Најубаво ми е ко ќе заминеш сабајле пред мене на работа , а јас ќе се префрлам на твојата страна од креветот и ќе спијам уште пола саат.