Многу ми се допадна писмото во кое ми ги искажа чуствата.Денес сум пресреќна и постојано се јавува насмевка на лицето кога ќе ми текне на твоите зборови.Те сакам
Сега ќе бевме заедно на LoveFest, ама сепак ти си таму а јас заминувам на одмор ама без тебе. Знаеш нели како ќе си поминевме, ниедна журка и фестивал не сме сакале да идеме еден без друг, така се запознавме, паметиш... Кога ќе се присетам колку само љубов имаше во нас на секој еден фестивал што сме биле, ме пазеше како мало дете, и на секои пет минути ми кажуваше колку ме сакаш и дека твојот живот без мене нема никаква смисла... Сепак убаво да си поминиш и немој да замислуваш како би било и јас ако сум таму, знам колку си чувствителен и нема да ти биде убаво...
Сама си правам да ми е потешко... Не си заслужил да се борам за тебе а јас уште се трудам за тебе колку и да викам дека не ми е гајле за тебе и дека нема ништо да направам за тебе па направам подсвесно. Веќе за тебе не ме е гајле и твојте проблеми од денеска натаму јас ќе си средам живото бидејќи некој личности не се заслужиле така да ги повредувамм. Од сега натаму сам си ги решавајќи проблемите што си ги создаваш мене ме нема. Само не заборавај ако и понатаму пиеш за мене секоја вечер од мака и сакаш пак да бидеме заедно нека ти текне дека животот ми е среден и не сам заслужила да ми го расипуваш мирот , нека ти текне дека инато ти беше поголем и после некоја година кога ќе се сретнеме на улицата одмини ме и заврти се на другата страна бидејќи според тебе јас сум виновникот и јас ти нанесов болка најголема во твојте 27 години и дека не сум ја заслужила љубовта што си ми ја пружил сите години. Сега кога ќе размислам малку сум ти направила требаше повеќе , ама на времето ти кажав пази што правеш можам дупло и се увери дека можам, а сега на таа слика што се увери пред 7 месеца дека можам да бидам заљубена,среќна и туѓа навикни се бидејќи од утре ќе ти ее секојдневие. Ама ќе преживееш нели кажа жени има, а дали ќе ти се за една или секоја вечер мене тоа не ме интересира. Само џивџи заборави едно нешто само една жена во животот е фанална и една ќе ти врати за сите што си направил КАРМА џивџи. Знам дека најмногу те боле тоа што ти го правеше направија ти го и на тебе . Кога плачев и ти кажував дека нема врска ти веруваше на другарка ти сега другарка ти нека ти каже како понатаму , уствари не тешејте се двајцата и заедно пиејте можеби побрзо ќе преболите ама пази и ти да не станеш психијатриски случај како неа .
Ми недостигаат долгите разговори со тебе на чет. Не е иста ноќва без тоа. Многу фалиш ама уште 10 дена останаа и конечно ќе можам да те мирисам и прегрнувам колку сакам.
Секогаш кога ќе се разделам со дечко ќе кажам, ќе посакаш назад некогаш ама доцна ќе ти биде. Е тоа доцна сега стасува. Ме аднуваш и после одредено време ми пишуваш да ми кажеш нешто. Ама забораваш дека беше со мојата најдобра другарка, бевте ау заљубени, она зацапана у тебе се фалеше како си и викал дека е подобра љубовница од мене, дека е у се подобра од мене. А знаеше таа дека си ми бивш по кој леев солзи на нејзино рамо. Се сеќавам една вечер се однесуваше бунтовнички со мене, ме испонавреди за глупост и и рече да бира меѓу тебе и мене. Она не беше глупа ама беше зацапана у тебе, а ја не можев да те смислам. И велев не си за неа, за да ја заштитам. Она више не ми е ништо, и вие не сте ни заедно. Не си ми ни ти, сам си го уништи животот поради глупост ама ти текнало после години да ми пишеш да ми кажеш дека го чуваш сувенирот и секаде го носиш со себе, ти значел. Доцна се сети.
Знаев, чувствував дека твоето ќе биде првото лице кое ќе го забележам во толпата. Немаш поим колку се израдував, така ми идеше да ти се фрлам во прегратка. Но секако, не може. Не знам како да ти докажам дека тој за мене е минато и како и досега така и понатаму нема да дозволам веќе да делиме ист пат. Но со тебе сакам. Ох, толку многу сакам да чекориме заедно. Јас и ти. Без тие гласови кои ти прават забуна, само твојот глас кој тивко ми шепоти дека ме сака и мојот глас кој отпева рефрен од „нашата“ песна за да ти докажам дека ми значиш и повеќе отколку што можеш да си замислиш. Во моите мисли овие ноти беа магијата поради која ми влезе под кожа и посакувам да останеш. You brought a fire to a world so cold
Колку убаво си ги поминував деновите со тебе, се навикнав да спијам до тебе. Сега ми нема смисла ништо сама да правам, многу ми фалиш... Неможам да издржам , сакам побрзо да те видам и да те гушкам
Ме правиш најсреќна, понекогаш се прашувам со што те заслужив. Едвај го чекам следниот викенд да избегаме на кратко од сите и од се