Уште само 1 недела и конечно ќе ти бидам во прегратка. Многу ми недостигаш. Дури и кафето е повкусно со тебе кога го пијам. Едвај чекам да ме гледаш со тие твои најубави зелено маслинести очи и да ми кажуваш колку ме сакаш. Тоа што го имам со тебе никој не може да го замени.
Се сеќавам на вечерта кога прв пат ми подаде рака,ме погледна во очи..срцето ми трепери исто како тогаш кога ќе ме погледнеш,имаше многу другари со тебе, ти беше последен и во тебе се заљубив..баш како од филмот Три метри изнад неба... Сакам да седам со тебе во моментов на нашето место,под мостот,само да си разговараме онака гушнити,да заборавиме на се што ни се случи од кога престанавме да одиме на таму..
посакувам да бев сега до тебе а не 2200 км далеку, да можев само да те гушнам и да знаеш дека не си сам..
Цел ден имав грдо предчувство, ама си го препишав на анксиозноста. Кога ми се јави и ми кажа, my heart stopped. Мило ми е што си океј и што не е ништо сериозно. Се молам да ти помине повредата побрзо мило. Ќе бидеш океј, i know it
Засекогаш,ке носам жар во очи,од душа ке ти точам љубов бескрајна засекогаш,ке ме имаш мене,и срце не ке свене штом остарам....
Сите се враќаат кога-тогаш. Се враќаат и тоа во оној момент кога си среќен, кога си продолжил со животот. Колку ете, да те потсетат дека сеуште постојат и да те сјебат. Но, ти си подруга. Ти никогаш не се врати, немаше ниту потреба да се враќаш. Тука си, секогаш кога ќе почувствувам среќа да ми дојдеш во сон и да ме сјебеш. Дај веќе еднаш излези ми од потсвеста и прекини да ме измачуваш. Остани таму каде што припаѓаш. Во минатото.
Понекогаш сакам да знам каде си и што правиш. Година и пол помина, а јас уште ја пијам твојата водка. Ти не ме повреди, ти згреши и ме изгуби. А можевме многу... Но, јас се вратив каде што припаѓав секогаш. Се вратив каде што мирно заспивам и таму ќе останам. Само понекогаш те мислам и тоа е се. Не ги заборавам луѓето кои ми значеле, па нема ни тебе. Беше само епизода која ми покажа дека никогаш не требаше да заминам од овде каде сум сега. Барем за тоа послужи.
Тој може да ме љуби, може да ме гушка, може и да ми се допаѓа... Но јас сеуште чувам слика во телефон од тебе.
А можеше да бидеш до мене, заедно да го гледаме шепотот на дрвјата и да уживаме во свежото утро со топла прегратка. Но не, ти го избра другиот правец. Модерниот и динамичен брз лажлив живот. Не сакаше да го слушаш срцето туку дозволи светлината од луксузот да ти го порамети паметот.