А секоја ноќ заедно ни завршуваше и секое утро заедно ни почнуваше. Зошто мораше ова да се смени, зар не велеше дека не сакаш никогаш ова да заврши ?
Изгледа некои зборови се кажани само така.Не верувам повеќе во ниту еден збор.Не сум среќна во оваа врска.По се како што се изгледа љубовта не е доволна а ние сме тотално различни карактери што не треба да се спојат.Ќе се обидам да те отргнам од мојот живот.Така сите ќе бидат среќни.
После ова кој и да ми кажува било какви работи за тебе нема да го вервам. И досега не верував во ништо меѓутоа се уверив дека сега си скроз друга личност. Само така продолжи Ми се плачеше дека треба да си заминиш, сакав само онака гушнати заспани да си продолжиме да спиеме , фала ти за вниманието шо ми го даваш, Фала ти шо го сменав мислењето дека сеуште постој некој шо ќе ме направи почитувана среќна и сакана. Не си свесен колку ми значиш и колку сакам ова да трај, трај и да трај се поќе Само вака нека продолжи
И после многу вечери непроспиени, затоа што ми трчаше низ мисли и не ми дозволуваше да заспијам, денес се успав за на работа така добро, што кога се разбудив првата мисла не ми беше ти после долго време. Жал ми е, но изгледа конечно паметот ми свати што е добро а што лошо за него. Се надевам засекогаш замина од мене.
Светот се спојува,за ние да се видиме,ама касно е многу,за жал.Повеќе од тие погледи веќе не може да има..
Колку чудни може да се соништата. Сношти те сонував, а денес видов дека си се верила. Повторно ме облеа она чувство. Знаеш, она чувство на немир, оној ладен бран кој ти поминува низ рбетот и се шири по цело тело. А, потоа... Потоа ми се јави она и немирот исчезна. Исчезна таа ладнина и повторно завладеа топлината во моето тело. За миг само траеше таа тага, која се надевам ти не си ја почувствувала. Се надевам дека си ја пронашла среќата кај него. Ја пронајдов и јас мојата. Збогум.
И после три години страста е присутна и со цело срце сакам така да остане. Не знам како би го прифатила фактот да те немам повеќе во секојдневиево сиво, тоа би ме болело најмногу. На почетокот направив паралела со "забрането грозје" и мислев дека ќе траеме додека си ми интересен, но згрешив. Прво и искрено, наивно и детски. Ништо не се смени, ние само созреавме. И те сакам најдетинест, не се менувај никогаш.
Искрено ми се смачи од ова истото, секогаш и секогаш. Ова е причината зошто некогаш си мислам дека треба да прекинеме. Не секогаш љубовта е доволна. А и не е фер младоста да ја трошам на некој што вака прави.
Те сакам и те мразам! Само ти знаеш да ме излудиш и потоа да ме смириш. Ти си мојата душа и мојата најголема болка. Мојата најголема среќа и тага. Мојата причина за насмевка. Секој ден го молам бог за нас да не не раздели и секој миг и овој живот да го поминам со тебе во твоите прегратки.