Немиров што го чувствувам деновиве ме убива. Не знам што се случи, но чувствувам како да те губам. Не можам без тебе, ама не можам ни со тебе кога си ваков. Знам дека и јас знам да претерам и има работи на кои треба да работам, ама се надевам дека ќе бидеме океј. Ќе ти дадам време и нема да ти терам озбилни муабети, да видиме каде ќе води сето ова.
Има уште два месеци до твојот роденден, а јас ги купив обетките што сакам да те изненадам и секоја вечер ги гледам и се "кевосувам". Едвај чекам да видам каква реакција ќе имаш, не за џабе истражував месеци уназад какви поточно сакаш, хаха.
Сакам да одиме на Козјак. Да ги набљудуваме ѕвездите над нас. Ти да ми кажуваш за соѕвездијата, за метеорскиот дожд, за нас. А јас, јас само да те слушам и да се топам покрај тебе.
Се надевам те здоболи малце кога слушна лично од мене дека имам дечко. Дека некој не ме гледа само како секс играчка туку ме цени со цело срце и душа. И вечерва ми се потврди дека не вредиш ни малку колку него. И секогаш ќе се потсетувам на тоа кога ќе се појавиш да ми го нарушуваш мирот. Ти посакувам се најдобро.
Пред три години те здогледав на инстаграм онака рандом и се распрашав за тебе, за првпат да те запознаам лани и да бидеме како едни добри другари... Ама синоќа беше нешто посебно, заедно на чил техно и џин тоник, после кај тебе у стан со пиво и уживање на дождот со метеори седнати на прозорот од подкровјето во твојот стан. Бевме како да се знаеме цел живот, сите ги заборавивме околу нас во позадина тера Michael Kiwanuka - Cold little heart, една од нашите омилени а јас препиена на тебе и само осеќам како ме бакнуваш на челото и ме држеш цврсто за рака... И покрај сета таа убавина во секој дел од времето ти не се обиде ништо да направиш, само уживаше во мојата прегратка. Цела ден се прашувам што те спречи да го направиш чекорот, а знаеше дека сакам и јас, и знаеме и двајцата дека цела година некако потајно се посакувавме а тоа не сме го признале... Ах овака не сум се чувствувала со години
Уште не си ми дошол на дневен ред ама гадно ќе заврши ова меѓу нас. Ја прели чашата веќе, не сум јас будала. Почекај само уште малку, убаво ти го собирам веќе некое време.
И пак сме на почеток? А љубави? Реков еднаш дека јас и ти сме не завршена приказна, па ќе се заврши ли сега? Како?
Вчера можеше да не бидеш тука за мојот роденден, среќа што те потсетив. Не е баш лесна врската со фотограф, во лето. Баш тогаш кога најмногу се излага, ама оваа година се држиш и ми надокнадуваш за претходната сезона, па око не ти видов. Инаку, сѐ ти кажувам и ништо не ти кажувам. Мое дете си, со тебе ми почнуваат и родендени, и стари и нови години, и идни... До кога ќе сме вака? До кога нема да го почувствуваме она неподносливото во животот? Рутината што ги зеза не само паровите, сите работници, обични луѓе... Да, нас сѐ брзо нѝ здосадува, посебно работи што ги правиме во низа. Ти, ќе ми здосадиш ли?
Ме интересира колку ќе ми трае оваа среќа пред повторно да бидам тажна.Зборуваш за иднина но јас не се гледам со тебе.