Додека јас плачам и се замарам, ти ќе си излезеш со другарите. А не ти текнува да се видиш со мене. И после ќе ме правиш мене ненормална што се лутам за вакви работи. Епа ќе се лутам. Ако сум во врска со некој сакам да се гледам, да сака да поминува време со мене, да сака да ми обрнува внимание. А не ова. Не знам што ти стана ама не си личноста со која влегов во врска. И боли и тешко ми е затоа што те сакам, ама ја заслужувам сета љубов на светот и внимание, а не вака. Не знам девојка која би се задоволила со ронка внимание. Толку многу љубов имам и вака ми се враќа. И на крај вината во себе ќе си ја барам.
Ах како потајно те посакувам. Сите тие мали ситници што ги правиш ме тераат да се чувствувам чудно но многу убаво... Зошто не те сретнав порано зошто не влезе во мојот живот кога требаше, знам ја знаеш цела моја ситуација, и се мислам дека заради тоа не сакаш да брзаш. Ама само едно знам, преубаво ми е кога си до мене и кога и тишината остава огромна порака помеѓу нас.
Два месеци ти зборувам,ама чекаш скроз да се докрајчи,добро е што не е толкаво зло.. Како за лошо да ти се кажува леле И да тебе те кривам!затоа што си крив.
И полноќ ќе дојде, чашата вино ми прави друштво а тебе сеуште те нема. До кога вака?..пак прашања без одговор
Намерно или ненамерно ми ја прати сликата за да видам дека спремаш изненадување за мојот роденден иако има уште 15 дена до него. Сигурно финтици ти се овие за да попуштам и да прекинам да се лутам. Е нема така лесно да пројдеш, ќе се помачиш овојпат ако ти значам стварно.
Целата добрина, љубов, нежност и разбирање се собрани во тие очи што сакам цел живот да ме гледаат така заљубено
Душата ми е полна кога ќе те видам тебе со децата. Како играте, како се гушкате. И кога ќе ми речеш "ајде тато дојди". За вакви денови сонував со тебе, за ова љубена. Кралице моја секој ден да си ми вака насмеана и весела. Те сакам
Засекогаш ќе го памтам оној момент кога 2 дена пред свадбата ти се жалев и паничев дека немам закажано шминкер, а ти седна до мене, се насмеа и ми рече Ај олабави малку. Памтиш како се запознавме? Ти тогаш беше во пижами, поспана, бушава, без шминка. Знаеш дека тогаш се заљубив? Утре ќе ти стават 5 тона шминка, 300 шноли и глупости во глава...а јас те сакам ваква бе. Мене ако ме прашуваш баш ваква како што си сега ќе те однесам на свадба. Ама мерак ти е и затоа смирисе и ќе побараме шминкер Е овие зборови ќе ги памтам засекогаш
Она вчера направи да се распаднам. Јас плачам, ти плачеш, ме гушкаш. Не можам ни да опишам колку ми е тешко. Зошто ме буткаш кога толку многу се сакаме? Сакам да бидам тука за тебе и во добро и во лошо. Не сакам ова да го правиме, не сакам да прекинеме. Не требаше вака. Ќе ти дадам три дена, ако не ме исконтактираш тоа е тоа. Размисли убаво.
Те чувствувам далечен, како ништо да не останало. Сакам да се врати времето кога ќе кажев што ми смета и се карав, значи ми било важно. Се надевам дека е само фаза.
Постои љубов за која се живее и љубов за која се умира. Колку пати умрев додека бев со тебе. Нашата љубов беше ролеркостер од емоции. Бура, па тишина. Војна, па каење. Лудило. Колку пати мислев дека само љубовта е таа што ме движи, мотивира, ме прави среќна. И колку пати се чувствував млако, празно, безживотно после секоја твоја драма. Знаеш, не мора љубовта да е бурна, интезивна за да знаеш дека е љубов. Може да биде и мирна, тивка, спокојна, а да ти ја исполнува секоја клетка со радост, топлина, живот. Убаво ми е да живеам за неа.
Сакам вечер да се видиме и убаво да поразговараме. Се што ми пречи ќе ти кажам отворено. Се надевам ќе ме разбереш и нема да се лутиш.
Уште на вториот дејт со тебе осетив сигурност како што никој не ми пружил. И после година и два месеци гледам дека моето претчувство не ме излажа. Ние сме еден за друг, толку спокојно се чувствувам со тебе. Имаме некогаш понекоја мала расправија ама се се решава за брзо и лутината не може долго да ни трае . Само да ми беше поблиску, ама ќе биде и тоа некогаш, знам дека се трудиш што побрзо да завршиш со испитите, да дипломираш и да најдеш стан и работа тука. И знам дека и моите еден ден ќе те засакаат и прифатат. Ќе биде се еден ден во ред, се додека ме сакаш толку многу и јас те сакам тебе толку многу, можеме да поместиме и планини.
I wanted to love you quickly. So I gave you my heart too fast, before I truly new who you were. And I had no one to blame but myself when you decided to brake what I was too willing to give.