Се губиме во секојдневието, има живот и покрај работата и обврските, ми требаш, ми фалиш се губам без твојата потпора
Не верував дека ќе те засакам толку. Сеуште ми е неверојатно а во исто време толку многу сум среќна со тебе. Ми го разубаве животот, ми ја разби монотонијата и ми придонесе толку многу среќа во секојдневието. Не можам да се замислам без тебе. Нема зборови со кои можам да ти опишам колку си ми драг.
Хеј! Знам дека си кажавме "збогум", ама нешто изумив... Оној муабетот... Ако не ми успее мене, а ни тебе - тогаш да бидеме заедно... Е па уште важи. И друго сакам да ти кажам. Злато од човек си и ја заслужуваш сета среќа на светов. И уште нешто. Ќе ми биде мило после година, две, пет да ти го чујам гласот и да си поприкажеме. *hug* од најголемите Биди среќен.
Ќе се дистанцирам малку од социјален живот, од тебе, мислам дека ми треба. Не знам колку ќе ме разбереш.
Сакаш да те чекам. А колку долго да те чекам? Што ми гарантира дека уште ќе ме сакаш? Дали ќе можам да ти простам за болкава што ја доживувам деновиве? Толку многу прашања на кои нема одговор. И јас направив многу грешки, разбирам, несвесно колку сум те бутала со мојата депресија. И ме боли уште повеќе што ете сум имала и влијание на тебе. Ќе работам на себе периодов, ќе се средам и ќе почекам, нема веќе да те контактирам. If its meant to be, it will be. Ако не, не си бил мојата личност. Се молам за позитивен исход.
Денес имам некое чувство да те изненадам. Долго време те гледам како се радуваш ако направам на други, па затоа денес ќе биде за тебе. Мала кутија подготвена со љубов, само за нас двајцата.
Нели немаше веќе заминувања? Немаше веќе разделувања? Мислам дека душава ми се корне секој пат кога ке спомне некој работа во странство. Не сакам да одиш, не сакам да бројам денови, не сакам да чкртнувам денови во календари, не сакам да плачам по аеродроми, ги мразам дури зошто ми те земаат секогаш...
Не пропушташ во скапаниот дуќан да наминеш. Едно, две, три...ти таму си. Не лажам, не ги поднесувам луѓето. Велиш сакаш да одмориш од работа, а кога нема потреба - ти пак ги посетуваш. Што ти е?
@Carolin. и @Next Девојчиња мили, два пати во годината минувам низ ова.. колку ми е тешко само еден Бог знае. Може сте ме читале во темава, имам пишувано кога го испраќам на аеродром.. срцето ми се кине, а тие неколку секунди кога се гушкаме пред конечно да се качи на ескалаторот и да замине, е тука душата ме боли. Не сакаме да се пуштиме.. боли ова премногу. Последното мафтање и бакнежи во воздух е на последната скала.. потоа само се вртам и обидувајќи се да ги избришам солзиве кои непрекинато се ронат, заминувам надвор од аеродромот.. цел пат душава не можам да си ја смирам.. боли. Проклето премногу. А на 10 септември ова ме чека.. повторно заминува и знам каков период ми следи.. 3 месеци како 3 години. Мразам разделби. Јас не спијам мирно се додека е таму далеку 3000км од мене.. Премногу го сакам и сум пре пре премногу приврзана за него, затоа е вака, знам Извинете што се надоврзав на вас, сакав да ви кажам дека не сте сами. Ве гушкам.
Не знам колку пати срцево ми се одкорнува вој тој момент. Во овие 6 години четири пати има заминато еднаш 2 месеци, после 9, после уште два пати еднаш на 3 месеци, еднаш на 4.. И сега кога ми рече го викаат за работа, светов мислам ми се сруши. Знам дека е за нас, за подобро да ни е, свесна сум за се.. ама не знам што ќе правам, од последниот пат кога беше заминат има поминато 2 години, не знам како би се навикнала да замине.
@Carolin. @Oscar Lady Иста приказна. Душата ми се распарува. Тешко е, претешко. И сега не е тука, и сега е далеку, ми фали, плачам. И пред децата некогаш ми се слева некоја солза. Немоќна сум и пред нив. Кога го испраќаме на аеродромот а они ми викаат не плачи мамо, тука сме, кога секој ден кога ќе станат ме прашуваат се врати ли тато? Кога ќе дојде? Може да му се јавиме? Многу ме боли. Ама мора да се трпи. Бидете силни, бидете со нив, подржете ги во тоа, зошто та прегратка и тие бакнежи кога ќе се симне од авион се незаменливи.