@Carolin. @Oscar Lady @Next Бидете силни и чекајте ги. И знајте дека и они нон стоп ве мислат, и ги пројат деновите до следната прегратка
Не можам да разберам зошто толкава галама за живеење и преселување со партнер. Еве мене, ама ништо во животов не ми било полесно. Се' што ќе помислам да ти речам да направиш, ме претркуваш и веќе си направил. Те викам теле, се чудиш, се смеам и ми ја топлиш душава. И тоа твое бескрајно трпение, љубов си ми бе, сакам вечно да те гушкам и гушкам.
Не знам што чувствувам, ама знам дека ми е убаво со тебе, тој разговор, тоа сфаќање и разбирање, тие мали убави ситници што го доловуваат скоро секој момент. Премногу необично и чудно...
@Carolin. @Next Како се повеќе се ближи периодот да замине, така јас осеќам стегање во градиве. Тешко дишам ,се познавам. Знам дека се ближи денот.. и сме се поблиску до таа разделба на аеродром.. таква болка и празнина во душава имам, тоа не се опишува, неутешно плачам..како мало дете,ако верувате. Ама тие неколку секунди пред да се качи на ескалаторот, тие.. ме дотолчуваат максимално.. најсилните прегратки се тоа..и најстрасните бакнежи пред крај..го гушкам и не сакам да го пуштам да оди.. Се распишав ептен.. потсетувајќи се на сцените што следат за брзо, се расплакав.. но мораме женски мои.. за НАС е.. се ова е за нас. П.С да не полниме овде, ако сакате инбокс ке си зборуваме Фала и на @Ostaveniot !
Те видов вчера. Не, тоа не беше ти, но личноста беше многу слична со тебе. Лицето, очите, косата, усните. Мислиш дека не си повеќе во мојот памет. Грешиш. Таму си. Во паметот да, но во срцето не. Зошто ? Затоа што ти дозволив да го украдеш, па ти несвесно или свесно го скрши и ми го врати искршено на парчиња. И ете, отогаш до сега сеуште стои такво. Незнам дали некогаш повторно ќе биде цело. Мислам дека не. И покрај се, јас одам таму, да ја видам таа личност, да ме потсети на тебе. Да те впијам повторно во мене, во моите мисли. И покрај се што ми направи.
Ти го одбра тоа, не јас. И сега се каеш за стореното и се обидуваш да ме вратиш. Залудно се мачиш, нема да ти успее.
Долго време случувањатаа ни го извртија текот на врската што заборавивме на деновите кога зборувавме за нашите соништа, за тоа што планираме идните денови, за нас. Заедно бевме ама паметот го окупиравме сотоксичноста околу нас. Сакам да се вратиме конечно на она ниво со голем ентузијазам. Да ги наполниме батериите и да уживаме. Следат убави денови.
Кога само би знаел дека дека постојано си ми во умот, толку многу што понекогаш заборавам дека повеќе не си дел од мојот живот а сеуште те чувствувам толку близу што дури можам и допирот твој да го осетам кога ќе ги затворам очите..и што друго да кажам освен дека си сеуште една огромна болка една рана која не поминува..една безнадежна надеж која не ми дозволува повторно да сакам, да дозволам друг да го завземе твоето место, друг да го направи мојот свет поубав.Ти си првата мисла наутро кога кафето го пијам горко и врело обидувајќи се да го стоплам мојот студен живот и да се вратам во реалноста..но ти си последната мисла оваа и непроспиена ноќ една од многуте, уште една ноќ боли твоето отсуство, гори силно во срцето.. сега да се појавиш на врата уште еднаш ќе ме искршиш на парчиња и повторно ќе ме составиш затоа што само тоа го можеш ти. Но сега мирно спиеш до неа. Добра ноќ моја инсомнио.
И знаеше дека ова ми е најголем страв, и покрај сите твои ветувања и настојувања за иднина, токму ова ми го направи. Ме сакаш, ми раскинуваш. Ми раскинуваш, а не ме пушташ. Реши се, зошто ништо од срцево не ми остана.