Денес некој беше напрскан со СК1. Цел пат ме потсетуваше на нашата пролет, ко почна да ги топиш мразовите во мене и ко потскокнував ко детенце по секоја наша средба. Накратко, ко се вљубив, а нејќев да ти признаам. Само ова ти го кажав. Другиот дел го премолчив. Вака кога патувам подалеку од тебе, а поблиску до себе, гледам нагоре. Се менуваат живи слики. Гранки, дрвја, небо, сенки и сонце. Знајш како се осеќам? Како оние филмските сцени ко ќе носат пациент на операција, а тој гледа само во плафонките горе и се прашува дали ќе излезе жив. Е така исто. Не знам дали ќе ни преживее љубовта.
Многу те сакам ,фала ти што си секогаш покрај мене и што си ми најголема поддршка без тебе нема ништо да успеам ,фала ти што безусловно се грижиш за мене со солзи во очите го пишувам ова пресреќна сум што постоиш не знам како би ти се заблагодарилa за се што правиш за мене , ти си нешто најдобро што ми се случило во животот.
Секој ден си кажувам фала за тоа што ми беше испратен ти во мојот живот . Ти си тој кој ме прави среќна секој ден , со кој си поминувам најубаво и кој постојано мисли на мене и сака да се чуствувам сакано . Чуствувам дека ме сакаш премногу и исто така чуствувам дека ти си човекот со кој сакам да го поминам остатокот од животот . Ти благодарам за се .
Ти благодарам за поддршката што ја добивам периодов. Се надевам дека нема да ти здосадам ама знаеш таков период ми е.
Се сеќавам кога ми кажа дека никогаш не би ја избрал работата пред мене, инспириран од филмот The choice, кога Travis ја избра работата пред Gabby. Реалноста е поинаква од филм, ама секогаш мислев дека ќе живееме еден наш филм. Сега само сакам да те прашам, кога ќе дојди ред за мене? Замисли, колку треба да сум повредена за да го напишам ова на форум, пред непознати, јас која се срамам и од блиски. И не, не сум разгалена ниту пак преовеличувам, само сакам да сум сакана, онака како што вети, онака како што заслужувам. Ова по години ќе ми е смешно како статус на фб од 2009та, ама ете, морав.
Ми викаш сабајле...Додека тебе те имам во животот јас ќе немам гајле за ништо...Не Додека Јас тебе те имам јас немам гајле од ништо Ти кој што со години се бориш заедно со мене и мојата анксиозност и панични напади. Кој ме градеше секогаш кога ме рушеа Кој ми велеше Можеш кога низ солзи ти викав дека Неможам веќе Кој беше уз мене низ сите битки Кој ме држеше за рака дента кога го губев највредното... Кога ти велев да ме пуштиш да си одам за да не тонеш со мене...ти ми велеше ако паѓаме ке паѓаме заедно... Уште 10 пати да се родам нема да можам да ти возвратам за се
Решив да прочитам се што сум пишала во оваа тема. Сум почнала од 2017 и многу се надевав дека ќе има некаков прогрес. Не само што нема, туку се е многу полошо. Сега можам комотно да се пофалам дека ради тебе изгубив двајца кои силно и искрено ме сакаа и ќе направеа се за да ме задржат. Ги изгубив ради тебе, што не ти е воопшто гајле дали постојам или не. Помирена сум веќе. Ти не заминуваш од срцево а јас никогаш нема да успеам да се заљубам во друг.
Ми поминуваш низ мислите некогаш а чувствувам дека има и кај тебе нешто. Но, времето ќе покаже. Периодов си го посветувам само на себе, добро научив дека тоа е најважното. Доста беа драми и минливи работи. Нека си течат работите по својот ред, коцките сами ќе се наместат, кога ќе е вистинското време. Без форсирања, без очекувања.
Мислам дека малку ме замисли, бев решена да го поминам остатокот од животот со тебе, иако знаев дека ништо не е трајно, а сега не знам дали сум доволно убедена во ова. Немој само да се испостави точно сѐ што мислите за долгите, од средношколски денови врски. Имам уште верба, од октомври па понатаму, а можеби и следното лето ќе бидеме под голем тест, нешто "да се биде или не". Ако останеме компатибилни и не потпаднеме, ќе успееме. И секако, најуспешно ги одбегнуваме ноќите поминати заедно, како да сме магистрирале во ова, не знам што мрза, што ѓаол во нас се собра. А, некогаш... сѐ што сакам е да спиеме загушени и раката мора да ти биде префрлена на мојата половина оти ќе се налутам!
Доволно е да ме гушнеш и се што ме мачи ми поминува. Ме смируваш. Тоа истовремено ме и растажува (зашто ми треба толку малку, а морам да го барам) и усреќува (што те имам).
Штета за нас.. За сите моменти поминати заедно сепак ти посакувам да бидеш среќен и да имаш девојка која ке те сака како што јас те сакав. Не сакам да те видам милам дека нема потреба,јас и ти никогаш нема повеќе да бидеме она што некогаш сме биле.
Имам еден кактус, не е сега еден. Ама овој го чекам, може година дена го чекам да расцути и никако да го направи тоа. Неколку пати беше турнат од бирото, ненадејно, па собиран и исплачен. Денес има придружник за заедно да цветат, еден до друг. И имиња им давав. Неколку кактуси, оној првиот за жал го нема повеќе умре и деновиве уште еден. Ете можеби толку ме бидува еден кактус не знам да исчувам. Понекогаш си велам доволно не ги полевам со љубов за да расцветаат, се срамат или пак едноставно сум го пропуштила тој прекрасен момент
Понекогаш се прашувам реален ли си. Се што барав отсекогаш најдов кај тебе, буквално се. Сите карактеристики што ги посакував некој да ги поседува, зелените очи кои ми се слабост, карактерот за кој мислев дека тешко ќе го пронајдам во некого. Не сакам никогаш да се "разбудам" од овој сон, убаво ми е. Како да живеам бајка која што е вистинита. Се надевам дека ќе останеме заедно и покрај сите предизвици што ќе ни следат во животот. Не сакам да те загубам, се осеќам како да си ја пронајдов мојата сродна душа за која луѓето трагаат цел живот... Те сакам, многу, најмногу!!