Ти се извинувам...Првиот пат беше моја грешка а вториот твоја, ти одбра да заминеш без да кажеш , ме остави да те чекам, и те чекав додека срцево не издржа и засака друг.
Немој толку да се трудиш за мене. Немој да ме гледаш толку занесено со тие плави очи како да сум најсовршеното нешто на светов. Немој да си ја ставаш на коцка работата заради мене. Не заслужувам ништо од тебе, буквално ништо. Ми ја даваш целата љубов на светов, знам дека толку премногу ме сакаш иако се правам дека не ти верувам, ама ете, долги години имам изградено ѕидови околу мене и не давам никој да ги сруши. Се плашам, и ти го знаеш тоа... Не знам до каде води ова, не сакам и не сум спремна на ништо, а ти си толку спремен на се, толку сериозен, не се откажуваш ни после сето тоа што ти го реков... Ах, зошто ли дојде кај мене, зошто ли упорно остануваш и се трудиш иако знаеш дека е залудно.. Се чувствувам толку гадно, јас сум идиот, не заслужуваш ти ваква како мене, ниту пак јас таков како тебе..
Uste samo malku... Strplivo te cekam... Mi fali tvojot miris, glas.... Ehh.. Uste samo malku ostana..
Не плачи. Солзите кои се леат од тие плави, океански очи ме кршат. Каде е насмевката која постојано ја носеше со себе, а жабче мое? Ми фали, сакам да ја видам.
Да знаеш дека оваа вечер првпат се намирисав од твојот парфем и си легнав, сакам да си до мене барем мирисот твој да е до мене. Помина месец ипол, живеам и без тебе ама секогаш си ми во мислите тоа знам дека ти е јасно. Ми фалат твоите очи и твојата прегратка, само ти знаеше како да направиш да се чувствувам сигурно и сакано. Еве сега ќе се стуткам сама во креветот ќе мирисам на тебе и ќе замислувам дека ме гушкаш, те сакам премногу.
Не знам која ми е поентата. Како намерно оглупувам кога станува збор за тебе. Како секогаш кога конечно ќе се чувствувам добро ти дозволувам пак да ме уништиш. И не е фер, дури други цела љубов ми ја посветуваат јас да мислам на тебе. Не е фер да ги повредувам а уште помалце па ти да си причината за тоа. Они ги лепат скршените делови за потоа срцето пак кога ќе биде цело ти да го уништиш од почеток. Се чувствувам како секогаш на тацна да ти ја давам сета моја љубов и среќа а ти од глава ми ги трескаш. Мислев ќе биде поинаку, ама не е. Мислев ќе ти фалам, премногу се излажав. Мислев ќе сакаш да ме видиш, ама воопшто не сум ти битна. И нема да си дозволам пак да повредам некој друг ради тебе. Додека не те заборавам целосно ќе бидам сама, макар и цела вечност да помине..
Не е убаво ова што го правиш,не е убаво да ме напаѓаш за да се одбраниш себеси.Не се преценувам но никогаш нема да најдеш некој како мене,кој све би ризикувал во животот,за да биде со саканата,буквално да не и фали влакно.Што све не сум правел за тебе незнам,уште животот што не сум ти го дал на дланка буквално,и понатака и ке правам се.Но ако не прекинеш да ме напаѓаш,за да бидеш секогаш во право,работите ке отидат во спортивен правец,за љубов треба компромис и разбирање знаеш и сама.
Зошто си толкав идиот? Зошто ова ми го правиш? Зошто намерно ме повредуваш вака со ниски и глупи провокации? Мислиш дека се ќе биде океј после ова? Кругот се врти, како што плачам јас за тебе, и ти ќе бидеш на ова место. А знам дека не ти е сеедно, ама јас не планирам игри да си играм со тебе.
Те мразам тебе и се мразам себе што дозволувам да се уништувам ради твоите срања и што дозволувам толку да ми влијаеш. Се мразам што дозволив цело патување во плачење да ми помине ради тебе. Се мразам што си имам створено таква илузија за тебе од која не можам да се разбудам. Се мразам што дозволувам да ми го правиш ова. Се мразам што веќе не можам да бидам себеси. Ѓубре и манипулативна стока си, И ПАК јас не можам да се оттргнам. Се мразам што сум волку слаба. И што си толку голем дел од мене. Иди у пичку матер.
Како само се осмелуваш да ме бараш и тоа упорно ѕвониш, со кое лице немаш ни срам ни почит не спрема мене спрема таа што ја ожени. Не поминаа ни две недели од кога се ожени ја испрати во Швајцарија и сега мене ме бараш ми се гади од таквите како тебе ѓубре. Не очекував дека некогаш ќе ме бараш, велеше човек кога ќе се ожени остава зад себе се што било пред тоа но секако тоа е само една од твоите лаги. Не постоиш од кога се ожени признавам се до тогаш имав надеж но после тоа згасна. Ми го уништи животот додека ти се смееше јас умирав од болка. Глумиш среќен а пак ме бараш, знам се ожени поради пари и документи не ја сакаш немаш почит спрема никој морам да признам добар глумец си. Секогаш кога ќе продолжев со животот, ќе направев чекор напред ти ме враќаше два назад... Сепак среќна сум што не сум на нејзино место, но не е за жалење свесна е за се. Исчезни!
Тие образи, таа брада секогаш кога ќе го осетам тој мирис ми буди позитивни чувства. Знам дека некогаш ме гледаш зачудено кога ти се пикам за да помирисам ама уникатен си ми.
Дефинитивно ни треба нов почеток. Далеку од тука. Друга држава. Само јас ти и децата. Никој ништо нема да ни може. Знаеш дека тоа е тешка процедура. Но ти ветувам, се ќе средам, ќе си отидеме оттука. Ќе бидеме среќни, нема повеќе да течат солзи од тие очиња твои. Ама ќе ми требаш ТИ, насмеана, само така ќе успееме
Сакам да ти се стуткам во прегратка и да заборавам на се. Најубавото нешто што ми се случило на свет си ми ти.