Насмевката ми е доаѓа нормално... Ете чим погледнам во некој така спонтано се насмевнувам... Со срце со душа со сите заби напред.... Ама тебе не.... Години не сум те пресретнала со насмевка.... Мислиш сите емоции што не ги изживеав околу вратот ми се... Мислиш ако те погледнам ќе ги видиш пеперутките кои не дозволи да летаат во мене... Мислиш ако те погледнам ќе ги видиш восхитот и љубовта за тебе што ги заменив со горчина... Мислиш ако те погледнам ќе видиш колку се каам што ме убедуваше дека не вредам... Мислиш ако те погледнам ќе видиш колку патев за допир, за милост, за тебе... Мислиш ако те погледнам ќе ги видиш ноќите сама што ги минав долго откако престана се со тебе.... Годините кои сама ги поминав.... Мислиш ако те погледнам ќе видиш се.... И го вртам погледот и не се насмевнувам..... Само тебе не ти се насмевнувам... Онака детски, онака искрено, онака слободно... Како што не веруваше дека може... Како што не веруваше дека постои на светот човек....
Ти си како виножито кое го разубави сивото небо. Беше сиво,како и срцето мое. Дојде ти и го обои тоа мое сивило во најразлични разиграни бои. Ми стави насмевка на моето лице. Јас сега како благодарност за се,ти испраќам ѕвезден прав а ти,посакај желба и верувај дека таа твоја желба ќе се оствари. Мојот ѕвезден прав е магичен и исполнува желби. Добра ноќ љубов моја спиј ми мирно и сонувај слатки сни.
Дека го сакам. Многу го сакам. Среќна сум што направивме бебе. Уште посреќна ќе сум за кратко, кога ќе се роди и двајцата ќе си го чуваме и ќе се грижиме за него. Посакувам да исчезне сета негативност и нервози. Доаѓа среќен и убав период за нас. Долго го чекавме,да уживаме. Извини за денес,беше посилно од мене... Среќна сум со тебе
Јас и ти сме најтрапавите луѓе. Толку ми доаѓа да се смеам што не ми се верува дека лани планиравме да се вработиме како келнери. Колку пати се имаме сопнато на прав пат, како и вечерва, и јас и ти. Те сакам бе.
Јас: "Не можам да си го замислам животов без тебе!" Ти: "Те фати штокот?" Јас: "Не ми одбегнувај романтика, сериозна сум. Многу" ...... И потоа ТИ ме гушкаш одзади и ме бакнуваш на главче. Нема нешто што сакам повеќе од гушкање и бакнување на чело... Дискусијава од вечерва ќе ми е врежана во паметот секогаш.
Заедно ќе оствариме се' Среќна сум што те имам како безрезервна поддршка и знам дека ништо нема да не' запре
Ти си мојот диазепам. Мојот лек за се. Викаат нема посмирувачко нешто од мирисот на мајката, нејзината прегратка. Затоа и бебето кога ти ќе го гушнеш одма се смирува. Мајка немам сега, но имам жена како тебе. Кога ќе легнам до тебе, кога ќе ме гушнеш, погалиш...тогаш и јас го осеќам твојот мајчински мирис, одма се смирувам и како бебе заспивам во твојата прегратка. Ми треба таа прегратка вечерва, тој мирис
Као... сите те сметаме за зрел, паметен, али понашањево??? Озбилно? Или прекини да се понашаш како 10 годишно темпераментно дете или иди у курац. Па и мене ми е преку кур више. Коњ.
Колку само ти мене ме обожаваш, дури и името кога ми го изговараш поубаво звучи. Успеа да ме скротиш и да испадниш на крај со мене . Сакам само да ти кажам дека и јас тебе те сакам безгранично, а тие едни навидум обични кафени очи, за мене се најубавото нешто што сум го видела во животот .