Синоќа убаво се искаравме, викавме, и на крај лути си легнавме. Не издржавме лути цела вечер. Ме гушна одзади, ме бакна по косата и рече ,,Извини сонце, во право си". Ти ја фатив раката во знак знак на океј е и ти реков ,,Батали, небитно е, ајде да спиеме" Ме гушна уште посилно и ми рече ,,Добра ноќ месечино'' -,,Добра ноќ сонце" Знам дека никогаш нема да ни успее да спиеме лути еден на друг. Толку се сакаме, едноставно е невозможно. Не си стално дома, и кога ќе дојдеш често избувнуваме и двајцата, но толку се сакаме...никогаш неверував дека постои волкава љубов
Ти си тој што најмногу заеш да ме расположиш насмееш но истовремено и налутиш. Во еден миг толку многу те сакам што и душата би ја дала за тебе а, во друг миг сакам сите твои коски да ти ги искршам. Добро е што повеќе владее она првото "Те сакам многу" Љубов моја една и единствена
Дознав дека си раскинал со неа , мислев дека ќе ми биде полесно ама не е. Уште полошо е. Сега пак , уште полошо е. Знам дека ти е тешко и иако те сакам , би била до тебе да те утешам. Нема врска што сме бифши , никогаш не престанав да те сакам
Ме интересира само, дали ја сакаш со истата јачина како мене што ме сакаше? Дали и ги држиш дланките и постојано и ги бакнуваш и и ' кажуваш дека не сакаш никогаш да и ги пуштиш? Дали и се воодушевуваш на насмевката и секогаш кога ќе се насмее ја гушкаш бидејќи ти е совршена? Дали при секое гледање ја пречекуваш насмеан затоа што ти е најубавото нешто што го гледаш? Дали излегуваш за да ја видиш макар и средбата да е максимум 30 минути? Дали се смеете на истите работи? Дали целосно и' се отвараш и доверуваш? Дали и' веруваш доволно за да бидеш она што беше со мене? Дали те мотивира да се градиш во подобра личност? Дали е ОНА женската верзија од тебе..? Ме интересира, а не треба. Јас и ти го имавме своето и го зезнавме максимално. Секогаш ќе бидеш мојата втора половина колку и да не сакам да е така. Ти си машката верзија од мене, ти го кажав тоа пред 5 години и ќе остане така. Знам дека и јас сум твојата..или можда бев. Биди среќен..
Ти текнува кога ме касна куче и ти ја чувствуваше болката во ногата? Се смеевме тогаш колку сме поврзани. Епа твоето раскинување со мене не ја прекина таа емоционална врска. И ме боли многу тоа што не си океј, го чувствувам исто како што го чувствуваш ти и немам како да ти помогнам кога ме туркаш. И ова не си ти, не си личноста која ја сакам толку многу, никогаш свесно вака не би ме повредувал. Или можеби јас се лажам, веќе не знам. Само сакам да си океј.