Знам дека си разочаран, ама кога знаеш дека таков е животот тука нема што повеќе ниту да очекуваш. Јас сум горда на тебе и сум до тебе и кога си на врвот, но и кога си на дното. Не се секирај, тука сум и никој и ништо нема да ме тргне. Знам јас зошто .
Како Бинго ми си, ко ќе добиеш нешто изненадно, не те пуштам никаде, нема шанса. Фала ти и покрај се шо одделваш време за мене ова ми значи ептен. Се молам само вака нека е се како досега, златен ми си. Прекрасно е чувството да имаш ваков човек покрај себе. Сакам да се гушкаме, да се гушкаме и да си имаме време за нас само, да си бидиме некаде сами. Неможам да заспијам од среќа Душа моја
Толку се осеќам среќно и исполнето со сама себе што ниеден од вас во ниедно сценарио не може да ме скрши. Cheers to that .
Знаеше се', и дека уште го сакам него и не можам да го заборавам, и која катастрофа од живот живеам, и дека немам што да ти понудам, и дека се плашам од секој што ќе ми се приближи... И никогаш не се откажа, а толку пати те имам "лупнато од земја" и повредено со моите директни зборови. Ме направи да верувам дека всушност таму некаде постоел некој кој би можел мене да ме сака најискрено, баш онаква каква што сум, дури и во време кога ниту сама себе не се сакам. Со што ли те заслужив јас тебе? Дури и во ова проклето време кога мислев дека не ми треба никој, ти ми го докажа спротивното. Сега сфатив дека всушност, ми требал. Ми требаш ти, многу, најмногу. Каква ли супермоќ имаш што успеа да ми ја вратиш вербата во љубов и среќа и да ми го разубавиш животот
Знам дека си преморена од работа и затоа често ми заспиваш додека збориме на телефон и намерно не спуштам за да те слушам како дишеш, а и подзакркоруваш на моменти, да знаеш. Не ми смета, воопшто, напротив слатко ми е. Можеби не се сеќаваш, ама вчера после два часа се разбуди и ми рече: " Били? Тука си? Гушни ме. " И од кога ти реков дека те гушкам, продолжи да спиеш. Ех, да знаеш дека едвај чекам да ми дојдеш, да ми легнеш на гради, во мојата прегратка и така да ми спиеш гушната цела ноќ.
Глупчо си ама мој глупчо си кога се смееш онака наивно кога знаеш дека си ја утнал работава, па и уз пат ти се прават тоа дупчињата на лице. Глупчо најсакан
Утрово тивко се извлекувам за на работа. Тивко станувам и се спремам пробувајќи да не те разбудам. Веќе готов, отварам врата од спална да излезам, отвараш очи и со поспан глас ми викаш: -А каде одиш ти без да ме бакнеш? _Те бакнав но ти спиеше, не си осетила. -Епа тогаш дојди сега јас да те бакнам. Седнувам до тебе и те бакнувам, и ти мене, неможеме да прекинеме. Еден бакнеж се претвора во 10. _Морам да одам сега, ќе закаснам -Знам, ајде оди. Извини, неможам да те испратам, знаеш.... _Знам, уживај. И поспиј уште малку, рано е. -Ок. Одам накај вратата и шепнуваш: -Љубов? _Да? -Чувај се _Важи Толку обичен и секојдневен муабет, нели? Со тие муабети, реченици, сваќам дека на оваа наша љубов и нема крај. Имаме љубов, почин и разбирање! Најважните работи! Се имаме еден со друг. Секој ден дур сум на работа ми се вртат низ глава некој наши заеднички моменти. Среќен сум што те имам. Горд сум што те имам. Ај сега да се гушнеме и да спиеме
Повторно се затворив дома и повторно 7 дена те немам видено, а живееме на 15минути оддалеченост во мал град. Не знам што ми е, ама убаво ми е дома. Чудно е што не знам колку ќе ме извади од дома и потребата да те видам...