Планови,планови,планови... Едвај чекам да почнеме да ги остваруваме еден по еден Ах да, многу ми е мило што вчера излеговме, баш се чуствував како на состанок од кој вришти љубов, од оние нашите на почетокот, знаеш како да ме изненадиш кога најмногу ми треба
Многу си сладок кога си нервозен затоа што губиш на игра Тогаш си ми најинтересен за закачкање да те викам noob Немој да ми се лутиш најсладок си тогаш не можам да ти одолеам
Уште ги паметам песните кои сакаше да ги слушаш гласно, а не можеше раат да слушаш музика од мене, тогаш ти велев да го намалиш звукот, ми сметаше гласна музика тогаш, и само што ќе слезев од кола, ќе ја откачеше до крај музиката, е тоа е единствената работа за која ме послуша некогаш- да ја намалиш гласната музика додека си со мене, и тоа е успех, нели
Да ме ушушкаш и стоплиш..Да ме стиснеш најсилно на свет за да исчезнат сите мои стравови...Да се присеќаме на нашите глупости додека лежам на тебе и на гради со прст го испишувам твоето име...
Има многу нешта и ти знајш. На пример, болка? Ја имаш почуствувано? Добро, разбирам, знајш како изгледа, ама дали ја имаш почуствувано? Жал ми е, не за тебе, за мене, што дозволив да поминат 2 години, а притоа да не ми текни порано крај да клам. Изборот шо го напрај се надевам дека ќе те усреќи понатаму во животот. И не почнувај со тој клише муабет "Кој ја доби битката", незнам да ти одговорам, ама едно знам, ти изгуби нешто највредно, а тоа е, самиот себе.
Случајност или што е, не знам. Длабоко во себе и денес и завчера знаев дека ќе те видам. И покрај цела гужва буквално патот ми се чистеше во моментот кога ти поминуваше, како намерно за да те видам. И песните ми имаат поинакво значење после тебе. Мило ми е што те видов.
Си ми набрал цвеќиња и покрај тоа што поленот ти смета. Па ми ги донесе едвај држејќи ги. Само затоа што знаеш дека многу сакам цвеќиња и дека тоа ќе ме израдува. Абе душа моја си.
Тежок живот..... Требеше ли толку години да поминат,па да ми го кажеш ова што ми го кажа денес. Дали е вистина,не знам,стварно не знам да читам туѓи мисли. Можеби требеше да го очекувам ова,ова кое јас ни во бунило не го очекував. И сега што е следно? Помина 00.00 часот,дали ми се спие,не знам....ништо не знам. Малку сум збунета
Од секогаш сум се трудел да бидам поразличен од другите.. Во се.. Па така и во желбите. Можеби ке ти е чудно ама мојата најголема желба не е да имам совршена куќа на некое луксузно место со базен, мене и оваа ми е добра. Не сакам да бидам познат фудбалер или пак адвокат воошто ама воошто не ми е грижа што би била мојата работа, доволно ми е само кога ке дојдам дома да има кој да ми се израдува. Не сакам да бидам запомнет и долго да се сеќаваат на мене. Доволно е само ти да не ме заборавиш. Не сакам да го менувам светот мене и овој ми е добар. Сакам само да те сакам и да те направам среќна тоа е мојата најголема желба само прашањето е дали ке ми го дозволиш тоа..