Можеби најубав дејт со тебе ми беше ова Ми се свиѓа како сме толку различни за некои работи а секогаш смирено разговараме за истите. Ми се свиѓа како кога те гледам у очи заборавам на све друго, ги имаш најубави на цел свет. Ми се свиѓа како не можеме да се одделиме кога шеткаме, кога седиме некаде и кога се испраќаме. Ми се свиѓа како добро ми влијаеш, се сакам ваква кога сум посмирена. А и види бре колку убав пар сме, покомплементарни не ни можеше од ова.
Песнава ќе ми го корне срцево засекогаш. Што ме спопадна вечерва не знам, а баш бев задоволна од себе периодов. Дефинитивно не се чувствувам како порано ама не ми е јасно како не можам целосно да те избришам??? И со нова девојка сега си а јас пак филмови во глава. Ама никогаш веќе нема да стапам во контакт со тебе, си реков нека боли додека треба, додека целосно засекогаш не те извадам од системов. Ќе го дочекам и тоа, мора.
Уште ко пишувавме на инста знаев дека си посебен, а кога те запознав и се уверив во тоа иако другарките ми викаа не си ти за мене, ќе се разочарам, ќе си заминеш.. во право биле. Сеуште неможам да верувам како си дозволив една средба, само еден ден поминат со тебе толку многу да ми го смени размислувањето. Ако не ти кажувам и се правам силна, но сакам да пишуваме пак и да се видиме пак, сакам да останеш.. ми фалиш
Понекогаш сакам да можам да те телепортирам кога сакам да бидеш до мене, а не да чекам со денови да те видам. Мило ми е што го положи испитот, се поблиску си до дипломирање, да те утешам малку. Ајде што се уште 2г го можеме ние тоа.
Нецели 3 дена одвоени, а сепак ми фалиш премногу. Не сакам да сме врзани еден за друг, а сакам да сме цело време заедно. И извини што ме трпиш ваква сјебана во главата на моменти, ќе дадам се од себе за да се средам, за тебе..
Некогаш мислам дека си too good to be true. Се прашувам со што те заслужив? Ти ми си дар од Бога за кој секогаш ќе бидам благодарна. Не можам да ги објаснам овие силни чувства, посилни од мене. Не знаев дека сум способна толку многу да сакам. Направи конечно да почнам да верувам во љубов. Те сакам до бескрај!!!
Браво бе ете така влези ми под кожа, пишувај ми секој ден натерај ме да се навикам на тебе.... кога те нема неможам да дишам
Да трошеше енергија и време да ме направиш среќна, колку шо трошиш на тоа намерно да ме изнервираш, ќе немаше посреќен пар од нас. Ќе ти кажев и во лице, ама не ти е гајле, па да си олеснам овде, непознати имаат повеќе разбирање.
Ми се јави брат ти. Да, ми се јави во 4:30 само за да ми каже за твојава состојба. Издржи, јак си ти, ќе помине сѐ