Колку си само секси во костимот за работа Колачич мој ,денес ќе те оставам да се одмориш -ама утре има маста да ти ја извадам Среќна сум што те имам
На фејсбук седам,ти го држам тоа чатот отворен..и ќе напишам буква и одма бришам Па,мајку му пиши ЈАС СУМ МАШКО ИЛИ ТИ? По се изгледа јас Аххх буце муце туце сакам да те видаммм и да те гушнам најсилно...
Уште еден ден..И конечно ќе се видиме, злато! Знам дека и ти едвај чекаш. Те гушкам! Се гледаме во четврток!
Јас би му испеала не би му кажала: -Да пукнеш леле што ми направи да бегам и прескокнам зидови да ме лаат и кинат твојте кучиња да ме пцуе и колне “мајка ти“со твоите 7,8 сестричиња......
што мораше да одиш сеа цела ноќ до сабајле кој ќе те мисли. ајде те гушкам и сакам само да ми се вратиш
Ако ова од денес ти стане навика, има да се караме, ама опасни скандали ќе ти направам. За твое добро!
Петок е за 2 дена. Е па мисли му ја . Шо би рекла мајка ми „памет у глава“ ***** Море знаеш ти добро што сакам да ти кажам, ги знаеш 5-те волшебни букви А ја, зелена, позелена - здравје! Во фаца, во памет, облека, се! Ах, ми треба едно црвено вино, чисто ради контраст Многу љубам контрасти: светло-темно топло-ладно ај да не пишувам сеа и други, има малолетни овде ***** Те сакам бре, ми иде сеа да земам да викам! Ама комшиите ми се чувствителни, малце човек ако е потемпераментен после 10, одма полиција му викаат.
Јао моментално категорично изјавувам дека те мразам. Зашто моментално не си до мене. Зашто си таму уџум во селската идила. Зашто едвај се слушаме а јас неќам да ти досаѓам. Зашто ја мразам вип мрежата и се поврзано со неа. Те мразам Зашто моментално ми требаш ужасно а ти воопшто и не ни знаеш како ми е... А како и би знаел ... не гледаш на гравчиња ... Ама кој да ти каже ... ЈАс сигурно не ... Нажалост само јас знам. Дојди си у пм само да те гушнам ... И за крај. Проклето те сакам. И се осеќам како го*но што те врткам ама неќам телефонски да ти го уништам поминот во село. Сепак бели се лагиве. Ама сепак дојди си побрзо пред да скренам начисто.
Би му кажала дека го сакам најмногу, дека сакам да го гушнам силно и така да останеме засекогаш и дека деновиве многу ми фали
Знаеш дека не би те оставила...Зар ми поверува? Како можеш да помислиш дека ќе останам луцидна ако не сум луда по тебе?! Парадоксот на мојата психа е единственото нешто со кое можам да живеам, бидејќи во него живееш и ти! Цагери, вина, месечнини, Џек Даниелс, страстен нескротлив секс и емотивна бура на слаткоречиви вистини... „Те сакам“ не опишува ни пола од тоа колку си мој и колку сум твоја!
Чуден си...Осеќам како да не те ни познавам више! А искрено не ни сакам да те запознавам ваков! Смени се или смени се! Чаре друго нема! Озбилна сум!
биди секогаш до мене и покрај мене те молам никогаш не ме напуштај ако си заминиш ќе нема кој силно да ме гушне кој да ме погали по главчето кога сум нервозна кој да ми рече све ќе биди ок и да ме насмее како денес биди до мене одлучив да ти верувам немој да ме разочараш...
Слика,слика,слика.....СЛИКИИИИ!!! Абе убавко ти знаеш што е тоа upload е да научиш и да ставиш некоја нова фотографија во тој твој скапан профил на кој дремам 90% од моето време додека престојувам на ова чудово од интернет.Да ставиш да не се ѕверам во стари фотографии,особено од оние од Штип што ти се а малку се,и да се трескам од биро со глава оти си бев простичко и не кревав слушалка кога ме викавте кај вас е така да знаеш....Да не ви дигав слушалка од пусти срам,од она пустот мое НЕМА ШТО ДА МУ ПРАВАМ МУАБЕТ,џабе и да им идам у куќа на гости ќе дремам ко млада невеста... А сега кукам дека не си тука во змијарникот,ахх да даде Господ и јас оваа година да си спакувам куферите па пут под ноге у тоа демек проклетото Скопје,или пак НЕ И да не заборавам да ти кажам кој те шишаше бе те опулиле како магаре кој ми ти ја сецна таа твоја љубена шишка а ? а? а? гукни пиле да те чујам...да пуштиш тие кремчиња и пеглата во раце И да ти кажам пак...САКАМ ДА СИ МОЈ!!! Арррр!!! амммм!!!! рррррррррр!!!!!
Ах што би му кажала.......мн мн работи меѓу кои и најважната:дојди си и носи ме далеку далеку далеку од него и никогаш не враќај ме во овој проклет град за кој не врзуваат само грди ствари,и никогаш да не ја видиш неа и никогаш да не го видам него.....зашто те сакав те сакам и секогаш ке те сакам само ТЕБЕ....мојата прва љубов..... и дека сакам да ме бакнува нон стоп онака како само тој знае и умее и да ми се насмее на среде бакнеж и да ми каже дека сум убава и само негова те сакам срцко,врати ми се и укради ме
Ти си мојата нова шанса од Бога да бидам повторно среќна ....те сакам најмило мое...никогаш нема да те повредам...од тебе не барам ништо...само секогаш сакај ме ко сега....