Ти немаш право да прашаш како ми е без тебе и дали сум сама.Оваа рана на душа ќе ја зашие време и ќе заборавам...
После секој ваков психички тежок ден, едвај чекам да си одам дома, да легнам под ќебе, да ти се јавам и да ти раскажам сè, а ти да ме сослушаш и да ми дадеш таков мир на душата што за миг ќе заборавам на сите нервози.
Среќна 36 ка Секогаш да бидеш насмеан,среќен,успешен и вака упорен во се.Се надевам дека ние три придонесовме барем за дел од радостите во твојот живот. И џабе не признаваш дека се 36 Изглед вара али матичен број не
Ме интересира дали барем еднаш дневно помислуваш на мене? Или ај да не претерувам, еднаш неделно макар..? Дали и тебе ти текнува на некои наши моменти и се смееш? Јас искрено до солзи се смеев прееска и ми дојде криво што не можам да те потсетам на моментите па да се смееме заедно. Додуша, последниот пат кога зборевме доста памтеше дури ме зачуди. Зашто не беше таков дур бевме заедно? Зашто прекина да ми пишуваш? Уште од почетокот рековме дека не е во ред, да, ама нели девојка ти немаше ништо против? Сепак рече дека не правиме ништо и така е. Не сакам јас да сум причина да прекинете никогаш и не сакам да бидам, ама нели океј беше нашиот контакт? Што се смени? Криво ми е што со мене научи како треба да се однесуваш и сега имаш стабилна врска со неа. Криво ми е што јас бев таа што те натера да созрееш ама не дочекав да ги осетам добрите страни на љубовта. Како и да е, јас мислам на тебе толку колку што ти не помислуваш на мене. А не заслужуваш, мајке ми..
И најкратката разделба со тебе, за мене е кошмар. Нека дојде веќе понеделник. Се подготвувам, како да ни е прва средба. Ете толку сум возбудена. И по толку години. Те сакам, те сакам лудо
Премногу ми недостигаш љубов, премногу! Едвај чекам утре да те прегрнам после се од деновиве само сакам да сум во твоја прегратка и да помине се. 3 недели без да те видам, во душава празно ми е. За се може време да немам ама за тебе секогаш ќе имам. Те сакам неописливо премногу
Деновиве се вратив во минатото, ми фали. Ми фалиш ти кога не си тука. Измешани ми се чувствата, ме нервираш, а колку повеќе те запознавам толку повеќе те сакам. Сум се зафркнала, дури и мааните не ми пречат.
Претешко ми е и прегрдо се чувствувам откако те нема. Ми недостигаш во секој миг и само очекувам да се вратиш, буквално секое отворање врата, ѕвонење телефон мислам дека си ти. Станувам очајна... Како без тебе?! Во ниеден момент не размислував како би продолжила сама зашто никогаш не посакав да останам сама. Се сеќаваш дека нејќевме врска туку партнерство и градевме империја?! Врати се, уште имаме за градење.
После толку време,дојде и она што долго го посакував,очекував и се надевав. Јас те видов тебе, те гушнав,те бакнав и да, тоа беше реалност не беше само еден од многуте сонови сонувани дали додекa спијам или будна. Сеуште не можам да верувам дека мојата болка,мојата рана-ти, беше до мене пред само неколку дена. Мислев дека стана моја опсесија, дека не чувствувам веќе ништо, но длабоко се излажав. Само сфатив дека уште повеќе ми значиш и уште повеќе те сакам. А тоа значи уште поголема рана..која ќе крвари дури сум жива. после нашата средба знам колку те здоболе гледајќи во овие насолзени сини очи кои со надеж само тебе те гледале и ќе те гледаат..уште повеќе ми недостигаш сега. Ама јас сум силна, јас ќе издржам, јас ќе го дочекам тој ден кога прстиве ќе ја најдат твојата рака, а душава ќе најде мир а тоа си ти. Ти си моја болка и мој лек..мојата надеж, моето се.
Знаеш од секогаш што сум мразел? Кога некоја личност не ми оставала простор за себе, за другарите и која секогаш агресивно-посесивно ме испитувала кај сум бил, со кого сум бил, што сум правел... Знаеш, она, кога се чувствуваш дека разговараш со полициски инспектор. Но, ти никогаш не си постапила така. Секогаш си смирена, ми оставаш простор, имаш свој живот и не си опсесивна. Ми веруваш и никогаш не ме испрашуваш, впрочем и немаш потреба од истото. Секогаш сум бил отворен, сум ти зборел се и не сум ти оставал ни најмал сомнеж. Знаеш, ми се допаѓа таа зрелост. Ми се допаѓа кога после долг ден ќе прочитам како сум ти недостигал, наместо јавување на секој час и испитување. Ми се допаѓа што не избувнуваш, што си секогаш смирена, смирен сум тогаш и јас. Го поседуваш сето она што сум го барал. Немаш појма колку позитивно влијаеш на мене. Се чувствувам исполнето крај тебе. Ти си најдоброто нешто што ми се случило досега.
Есенски ден. Мислам на нас. Фалиш тука во топлата, удобна соба, да ти направам кафе и да го испиеме гушнати. Да ми кажеш дека сум ти ставила премногу шеќер и овојпат иако знам дека ти го пиеш со сосема малку, а јас благо како шербет. После да појадуваме она што ни е омилено, па долго да разговараме, малку и да се скараме, знаејќи дека ништо не може да ни го расипе она што го имаме. Онака, само за разонода. Уште три дена ќе те гушнам пак. Посилно од кога било
Спреми се, утре е твојот голем ден. Крај тебе сум. Едвај чекам да те видам како блеснуваш на сцената!
Следува период на промени, сакале ние или не. И за нас и за околината, чувствувам ко дека се ќе биде поинаку но сепак јас и ти ќе бидеме посреќни. Време е да ја тргнеме токсичната околина, време е кога ќе излеземе појаки од ова, само ти биди покрај мене.