Не знам како се најдовме во погрешен правец. Истите сме, ти и јас, ама ова темпо, оваа раздвоеност ме убива, ми ги менува чувствата. Претешко е и овој пат не знам дали така лесно ќе помине.
Продолжи да ме гушкаш силно како и првиот пат кога ме гушна... Продолжи да ме сакаш како што ме сакаш сега со голема страст
2 days left Ми иде да врескам од среќа и од возбуда, место не ме фаќа мило мое Се радувам како да ќе одам со тебе на прв date Вљубена сум во тебе како и првиот ден. Пеперутките во мене полудеа
Деновиве очајно ми фалеше, или па јас така си мислев. Ама сега сфатив..ти не си и никогаш повеќе нема да бидеш личност за мене. А мислев некогаш во иднина ќе можеме, ама сменети сме. И не знам уште како се чувствувам за тоа..
Тој:изгледаш како она чупето од бунар шо излегва од the ring хороро шо е Јас:те мразам премногу Тој:и јас те сакам Јас:да се нашминкам ќе ми речиш ко кловно од шахта шо излегва сум Тој:секако ми си уба ако контра зборам .........
Не сакам да се повтори истото. И самиот знаеш дека сеуште те сакам, ама не го можам ова, премногу ме повреди. Долго размислував и не сакам повторно да поминувам низ истото, се надевам овој пат ќе си стојам на зборот кој ти го дадов вчера.
Утре Утре има да те изгушкам силно, најсилно Нема спиење вечерва! Ќе те очекувам со растреперено срце и отворени очи. Те обожавам душо
Многу пати сум слушнала дека некој не и раскинал на некоја девојка,или некоја не му раскинала нему затоа што чекал/а да и/му помине роденденот. Би сакала тоа да не биде случај со мене.Подобро сама да прославиш отколку со некој кој не е искрено среќен за тебе.
Трет коментар денес дека сум била разубавена нешто Почнаа да ме сеќаваат луѓево, ама што да правам кога автоматски ми се црта насмевка коа ќе видам твоја нотификација. Не мислев дека после толку бури и после толку болка ќе ми е олку убаво со некој, ама не џабе викаат дека кога врне истура, меѓутоа после тоа сонце доаѓа. Не се препознавам себеси, друг човек сум станала. Чудно ми е некој да ме трпи коа зборам за професијата, за историја, за некои weird stuff собрани од интернет. Едвај ја чекам првата зима со тебе, со печени костени у рака, со snowball fights, со топол чај, со долги прошетки и со црвени образи и носе.
Колку што е веројатноста да се падне 7мица на лото, толкава е веројатноста да се најде прекрасен човек како тебе. You are a rare stone.
Денес се исплашив дека ќе те изгубам, срцето ме заболе. Денес сфатив дека ти си тој со кој сакам да бидам. Сфатив дека веќе некое време сум заљубена во тебе, не сакав да си признаам, да го прифатам тоа.. ама сега знам, јасно ми е се. Правиш се да е толку едноставно и убаво. Правиш да се радувам што ќе те видам, што ќе те гушнам. Ме гледаш како да сум нешто скапоцено и правиш да се стопам од еден поглед, од еден допир... Ме полудуваш во најпозитивната можна смисла и ме смируваш истовремено. едвај чекам пак да те видам и да те гушнам најсилно!
Се сеќаваш на нашите игри? Ти глумиш дека спиеш, а јас глумам дека те будам. Ја бутам раката под маица и те чешкам по грбот, а ти не мрдаш. Па те бакнувам полека на работ од усните, а ти пак не мрдаш. И додека нежно те гризам на вратот ја чувствувам твојата насмевка, па за секунда чувствувам како да разбудив вулкан. Е тој вулкан ме изгоре, ме пеплоса. Ме расипа за сите после него. Ме уништи. Виновен си за многу мои грешки во животот. Виновен си и за последната. Можеби најголема. Ама не можам да го уништам и него. Ми смета што е толку добар, толку внимателен. Ми смета што ме сака многу, многу но поинаку. Ми смета што цело време го споредувам со тебе. Ми смета што почна да го завзема твоето место во срцето. Го пуштив. Го избркав од себе. Виновен си ти, да. И нема да ти се вратам. Постојат луѓе што ги сакаш секогаш. Колку и да те повредиле, колку и зло да ти нанеле, ги сакаш. Можеби ги сакаш подалеку од себе, но секогаш ќе ги сакаш. Јас тебе секогаш ќе те сакам, подалеку од себе, но ќе те сакам. Ете, може сега и ќе ме разбереш.