Понекогаш се прашувам дали воопшто нешто ти значев штом толку лесно ме избриша од животот и се откажа од мене. Дали беше се само добра глума од твоја страна а јас ти паднав на зборовите? Твоето уште те сакам не ми значи ништо кога делата не го покажуваат тоа. Многу ми е криво што толку ти дозволив да ми се приближиш, што ти верував на сите ветувања, што мислев дека имаш добри намери со мене и што бев vulnerable. И иако не заслужуваш ни солза да пуштам повеќе за тебе а не пак да те спомнувам, тешко ми е. Многу. Ама џабе е се, ти си сосема поинаква личност, и наместо да одиш кон подобро стануваш се полош и полош. А ова што ми го направи ќе ти се врати еден ден како бумеранг, памти тркалото се врти.
Ти благодарам за поддршката и големото разбирање што го имаш кон мене за се. Да барав толку добар и совршен дечко немаше да најдам. Многу сум среќна што те имам во животот.
Не можам со зборови да опишам колку те сакам и колку си прекрасен ,да барав подобар немаше да најдам , незаменлив си , понекогаш се прашувам со што те заслужив , ти си дел од мене ,фала ти што постоиш !!!
Се прашувам како е некој да те сака искрено?Се надевам дека ќе дознаам од некого пред да заминам од овој свет.Тој некој нема да бидеш ти.
За мене си најдобра личност што некогаш сум ја запознал, макар и да не успееме, пошто вчера бев решен да ја прекинам врската, поради мојот песимизам, негативна аура или едноставно речено анксиозност. Ни денеска не сум нешто подобро... ама ајде. Те сакам
Кого да обвинам што не успеавме? Мене, тебе, судбината? Малку да бевме похрабри, поупорни, порешителни. Штета на толку многу сакање. Барем од моја страна, тогаш верував дека ме сакаше, потоа и се сомневав од што бев повредена, сега веќе и не е битно. Како и да е, јас досега само со тебе бев среќна.
Изгорен си по мене , можи не искажваш ама ти се гледа во очите. Ќе се отвориш, те чекам Ти си душа моја само то имам да ти кажам, единствено шо сакам е сега да си тука до мене.
Чекај, нели само јас ти правев да осеќаш ствари? Што гледам сега... изгледа во замка некоја манипулаторска имам паднато, а? Да, паднав изгледа и сум пропадната до цицки. Али не ми се расправа сега, можеби преовеличувам.
Гледај, мислам дека и птиците на дрвата веќе знаат колку те љубам. Ама да ти одговорам на прашањето: да, можеме да имаме тајни - ако тие тајни не би влијаеле на врската доколку излезат на виделина. И фала богу, сите имаме такви тајни. НО, ако влијаат, тогаш не само што имаш тајна, туку многу едноставно - не ме почитуваш. Ќе издржам дур те видам и ќе го почнам разговоров, зашто црвот срцево ќе ми го изеде и не можам да дишам. И се надевам ќе одиграш искрено зашто џокерот веќе го изигра, а за мене љубов, љубов и непочит никако не одат заедно.
Ќе излажам ако кажам дека не ми прелета мисла за тебе на денов. Но, не како порано. Не се прашувам дали ќе пишеш, дали ме мислиш, дали се сеќаваш на разговорот од таа вечер. Затоа што ми е потполно небитно што, дали и колку паметиш. Се запрашав само дали си добро, затоа што јас сум и би сакала да бидеш и ти и покрај се' низ што минавме. Всушност после подолго време, речиси сум сигурна дека и двајцата продолживме понатаму. Пораснав, знаеш. Не сум веќе срамежливото, несигурно и кревко девојче. Посилна сум, посамостојна од било кога, не се плашам да говорам и не премолчувам кога некој се обидува да ме манипулира. Замисли, ова го научив после тебе. Како брег сум. Брег на кој секоја плима со своите наноси ме градеше, додаваше и одземаше делчиња за да денес си бидам доволна самата на себе. Биди среќен.