Искрено извини што избувнувам многу лесно ,многу ми е криво што така изреагирав прееска иако рече дека ми прости ,понекогаш се чувствувам како злобна кучка
Одеднаш ќе ми текне на некој убав наш заеднички момент и се смешкам ко будала. Ме правиш многу среќна, секое наше видување е се поубаво.
Јас, ти, темна соба и омилените песни во позадина. Непрекинати прегратки. Долги разговори за нас, за сегашноста и иднината. Погледите кажуваат сѐ.
Ги обожавам деновите кога ќе излеземе до некое паркче, а потоа ќе се гушкаме и двајцата. Се сакаме и двајцата, тоа е најважно. Ме плаши сето ова сакам да траеме. Мислам дека ова е тоа. Те сакам.
Колку повеќе ме повредуваат другите, толку повеќе се приврзувам за тебе. Немој да ме повредиш и ти, те молам.
Ти си најдобрата личност што сум ја запознал во животот и ми е мило што повторно не спои судбината, откако се разделивме во средношколските години и по 5 години еве не... повторно заедно.Те сакав, те сакам и ќе те сакам. Always.
Хеј, немаш појма колку ми го крена расположението овој наш најобичен секојдневен разговор по телефон. Многу позитивно влијаеш врз мене. А замисли како ќе беше да те видев.
Не сакам да ми се моташ низ мислите. Не сакам да се сеќавам на убавите мигови. Не сакам да го барам тоа што го имавме во секој друг. Бидејќи се што ние бевме се урна за една вечер. Изгуби многу, знај го тоа.