Терапија за се ми е времето поминато со тебе. Секогаш ми делуваш вака убаво. Иако само што се разделивме веднаш почна да ми недостигаш.
Не разбирам зошто уште толку ми фалиш, зошто уште ми требаш, кога сум свесна дека заслужувам многу подобро. Два месеци поминаа и уште не можам да те тргнам од мисливе. Постојано се плашам од помислата дека ќе излезам и ќе налетам на тебе со некоја, и ме убива тоа. Посакувам само да можам да те заборавам и да престане да боли волку.
Тоа што те љубам, е истовремено апсолутно најдоброто и најстрашното нешто што ми се случило. А те љубам бескрајно.
Не знам дали си свесен колку те сакам. 6 месеци пробував да те извадам од глава, да те игнорирам, да те избришам... Не биваше. И цело тоа време потајно го посакував ова што го имам сега. И еве, конечно заедно сме, сите прифаќаат, другаркиве ме обожаваат каква сум кога сум со тебе, домашните исто. Блескам откако сум твоја. Блескам кога те гледам, не сум се чувствувала побезбедно и поубаво никогаш. И ти сериозно мислиш дека би сакала пак да сум со него? Будалче едно, не си свесен колку те сакам, и самата не бев свесна до пред малку. 1 ден поминат со тебе не може да се мери со 4 години поминати со него. Те сакам тебе. Како никого. Како никогаш. Се надевам дека ќе те сакам уште долго, многу долго. Се надевам ќе ме сакаш и ти, ќе ме чуваш и нема да ме повредиш и ќе успееме заедно да сме среќни. Те сакам
Кога те гледам колку многу се трудиш, знам дека го заслужуваш сето она кое сакаш да го добиеш. Јас ќе бидам покрај тебе и ќе верувам секогаш во тебе, како што ти веруваш во мене. Не познавам друг кој го бива толку за таа работа за која тебе те бива. Ќе успееш еден ден, ќе видиш, а јас сум таа што ќе биде покрај тебе цело време.
Најважно ми е што тебе те имам. Друго се' е споредно! Друго ми е неважно... Те обожавам Следниве денови се наши, целите
Јас претерав овој пат, признавам. Не ги мислев работите што ги кажав, а знам дека тие зборови ти предизвикуваат болка најмногу. Не те заслужувам.
Кој и да си, каде и да си..дојди што е можно побрзо. Еве ќе почне да заладува па неопходно ќе биде да се гушкаме навечер кога ќе искачаме. Сакам да се смееме и да споделуваме моменти од факултет/работа. Сакам да си играш со моите миленичиња дома, и јас со твоите ако ги имаш. Сакам да си бидеме поддршка и да сме најдобри другари. Сакам да се будам до тебе и да патуваме заедно.. Ајде дојди, те чекам како никогаш до сега.
Обично сум борец, за љубов ќе одам до крајот на светот ама сега се откажувам. Нешто ми недостига, не знам што, но ми недостига.