Никогаш во животов никој не ме направил посреќна од тебе... Се појави во мојот живот кога најмногу ми требаше, тогаш кога се беше црно и тивко, кога бев осамена и тажна..Ме спаси од длабочините во кои сама се заглавив, и благодарам е малку да ти кажам, не постојат зборови со кои би можела да ти опишам колку те сакам и колку сум ти благодарна за секоја насмевка, секоја прегратка и подршка што ми ја даде...
Вторник ќе биде наш ден, цел ден Се радувам толку искрено, од дното на душава. Сјае во мене љубовта. Блескам и однадвор поради неа Убав е животов со тебе Ах, колку те сакам
Гледаш дека сум скрос сменета и дека сум ладен камен а ти упорно се трудиш да биде се океј... Еднаш чашата се скршила џабе после ја составуваш. Те сакам да, но оваа втора шанса шо ја дадов ја дадов само за мене, јас да видам колку сум стабилна и силна на психа...
Шест часа пат, 250 км, само за да ме видиш на три часа... па, никој досега ова не го направил за мене. Мислев дека постои само на филмовите. Ама не. Вистински си, мој си. Едвај чекам да почнеме да ги исполнуваме заедничките соништа. Те љубам.
Знам дека сум идиот понекогаш,се љутам за глупи ствари,ти ги кревам живците у воздух ама кога сме толку километри раздвоени ми смета што други ја имаат привилегијата да те гледаат повеќе од мене. Ветив дека ќе се сменам,а ништо од тоа. Ти пак ме трпиш и ме праиш среќна. Те сакам,ги бројам деновите до следно гледање
Абе едвај чекам да те видам, 21ви е наш ден, а не можеме да се видиме... Многу ми фалиш, проклето да е тоа што сме далеку! Ама те сакам!
Неможам да спијам од возбуда за утрешната средба, овој пат ќе ти кажам се што мислам и нека се реши ова веќе еднаш.. ќе биде или не
Умор, едвај три часа сон, умор и 15 килограми книги и материјали кои ги носев на грбот беа одговорни за сите глупости кои ги истрескав. Ништо повеќе. А ти само сакаше да се прошетаме и да ти го покажам мојот омилен градски мачор.
И нас 21ви ни е наш ден, ама зато денес се искаравме убо убо и лошото да излези од нас и да решиме денес да немаме муабет. Да видиме кој ќе попушти прв, ако некој попушти, а жално би било ако никој од нас не го напрајт тој чекор.
Не ти требаше вака да ме изиграш. Не знам како си се сменил вака на лошо, не сакам да повервам дека не сум ти го видела вистинското лице. Ама, едно големо ама! Ќе ти вратам за се, за секоја нерва и солза, за секој пат кога ќе сум се осетела ко ѓубре заради тебе и за секоја ебан сон шо ми го сруши во врска со нас. Ако не сум во состојба да ти направам лошо со дела, тогаш ќе ти изнаречам се најлошо во лице, нема да ме препознајш. Ти направи да е вака,запомни. Изгуби некоја шо ќе те сакаше ко лудачка. Ќе се каеш, дебело ќе се каеш.
Да ти текне на мене во најсреќните моменти. Да ти текне на мене кога ќе одиш на нашите места. Да ти текне на мене за некој ден, на 1ви кога требаше да правиме 5 години да не беше себично гомно. Да ти текне на мене кога ќе видиш нешто на кое знаеш дека двајцата би се смееле. Да ти текне на мене пред да заспиеш. Да ти текне на мене кога она ќе ти каже дека те сака. Барем еднаш, нека те здоболи.