Едвај чекам да поминат тие 10 дена. Конечно ќе те видам. Не можам да се искажам колку сум возбудена. Како се намалуваат деновите мене возбудата ми расте. Да, веќе 4 години имаме врска на далечина, но овојпат е некако поразлично, ептен ми се стегна срцето. Во еден момент си велам: добро е, навикнати сме, не ни е прв пат, а веќе во следниот ја проколнувам далечината и се молам што побрзо да дојде денот кога секој ден од месецот, и ден и ноќ ќе те гледам само тебе. Бескрајно те сакам
Најубавото нешто на планетава Земја си ти. И однадвор и одвнатре. Кокиче си на зима, боја на зајдисонце на небо, Рафаело после диета, средба после далечина. Нема нешто поубаво од тебе.
Не барав премногу. Сега гледам дека барав од погрешна личност.. под сета таа маска на успешен млад и згоден дечко се крие една гоолема кукавица!
Кај нас тоа што се подолго сме во врска ни влијае одлично. И наместо сега да ни е монотоно и да сме направиле се до сега, нас се поубаво и поубаво ни е. Мило ми е што сме пар што времето поминато заедно не го натера да не се труди веќе еден за друг и да е рамнодушен. Мислам дека моментално сме во најубав период во нашата врска од кога сме заедно. И пак да треба да бирам, пак тебе би те одбрала.
Ми дојде ко гром од ведро небо а разбуди секое сетило и емоција во мене. На почетокот ми зборуваше дека не можеш да спиеш во прегратка на некој, сега ми заспиваш како стуткано бебе во мене за секунда. Би седела цела вечер будна само да те галам по коса додека ми спиеш на гради и го слушам твоето длабоко дишење. Секојдневна потреба си ми да те видам, да те допрам, да те помирисам, да те гушнам, да ми се насмееш со таа најпрекрасна насмевка, да се стопам додека тие твои најубави и крупни очи ги вперуваш во мене. Не знам како те заслужив, само знам дека си ми една од најубавите работи кои ми се имаат случено во животот и те сакам искрено.
Неверојатно е каква пичка си... Господ да ми даде сила мене у моментов и на сите у иднина шо ќе те трпат.
Чуден човек си... секој ден ме изненадуваш се повеќе со твоите зборови.. Како на пример вчера додека си лежевме кога ти реков - абе, си помислувал некогаш да се ожениш? А ти ми одговори - јас сум веќе женет, те имам тебе. Допрва ли друга да барам? Епа тогаш златце да одиме до матично да се потпишеме и да ги скратиме маките хмм ---- Нее, уште не сум го избрал најубавиот прстен Е добро, ќе си умрам од чекање не е проблем..
Ти не си ми само љубов, ти си ми многу повеќе од тоа. Насмевка во море од солзи. Ведрина помеѓу облаците. Најсилна светлина во темнината. Надеж кога ќе помислам дека сите бродови ми потонале. Топлина среде зима. Ти ги имаш очите што ми пружаат утеха, рацете што ми даваат поддршка, усните што знаат да ме смират. Те сакам, те сакам лудо, те сакам со секој атом во мене
Златен веќе не сме тие истите, тие децата заљубените што немаа грижи единото нешто во денот беше да се видиме... отидоа тие двајца во неповрат, позади нив само прашина и заборав, станавме некои рамнодушни индивидуи, желни за подобар живот, ама некаде на патот кон остварувањето се изгубивме, заедно,а далечни, тоа боли и покрај се, јас немам сили сама да ја воздигнам врската, ми требаш ти и твојата прегратка...
Требаше да ја испразнам машината за садови пред да одам на работа ама заборавив. Да си доаѓам дома после, или да бегам што подалеку?
Да ми кажеше некој дека после година откако ти раскинав ќе ме боли немаше да верувам. Гледам ептен сериозна ти е новава врска со неа. Убаво си кажа тогаш, ова нека ни е лекција за со другите. Стоко глупава, зашто морав ја да те учам?? Зашто мора сега со неа да ти е убаво а мене животот ми го згорчи??? Кажи ми дали заслужив гаду проклет. Да можам со саати ќе пишувам тука најлошо за тебе, ама само лош впечаток ќе оставам за себе така. А и знаеш дека сум ниво над вас двајца заедно, барем во тоа сум сигурна.
Еј ти, денес ќе напишам и нешто негативно за тебе, доста само убавини пишував по темава. Па кога бе срце мое ќе научиш нешто од твоите пријатели, да земеш пример од нив. Или пак мислиш дека тие се папучари а ти не сакаш да станеш тоа. Срце мое, па кога ќе сватиш дека девојка ти со која сакаш да се ожениш еден ден не е за да ја чуваш во некој бункер. Не дај боже да ме ставиш во интеракција со некој кој е дел од твојот живот (other than "роднини"). Се срамиш ли од мене бе срце?