Вчера не можев да заспијам и почнав да бројам овци. Зарем му успеала тактикава на некој некогаш? Мене не, за кратко време ми здосади. Ги баталив овците и недалеку од нив, замислив едно дрво, а под него ти и јас. Ти свириш на гитара, а јас лежам на тревата во црвено цветно фустанче и мижам. Мижам од спокој и убавини. Мижам мирна и среќна. Пак не заспав. Имате слични патетични сценарија за предлог или да барам чаеви и суплементи за оваа намена?
Би ја објавила на социјални мрежи, ќе ја видеш песната знам, бидејќи ти не пропушташ ниту една моја објава. Но ја затворив јас таа врата, сега дури не е ни важно ниту вреди да ти докажувам како ме направи да се чувствувам..
Како да ти кажам дека се чувствувам изгубено а ти да ме сватиш? Сега проблемот е до мене, мене ќе ми треба време за да се вратам на старо, после таа вечер веќе ништо нема да биде исто...
Ми рече кога ќе престанам да се понашам ко 10-годишно дете да ти пишам, но можеш ли моите одлуки да ги гледаш од мој агол и да ме разбереш барем еднаш? Мислев ќе ми бидеш поддршка, ама сум се излажала. Ти кажав, не се откажувам. И ќе успеам, САМА!
Знаеш шо?Ајде да си направиме повторно авантура од животот.Како порано...Да патуваме спонтано,да одиме на кино,да се возиме без цел,да кроиме луди планови.Се уморив од се останато.Од мислења од стравови од што би било кога би било....Што сака нека биде...
Твојата прегратка толку многу ме смирува ,кога ќе ме гушнеш во тој момент сите проблеми исчезнуваат ,толку ме смируваш најголема поддршка си ми за се и толку многу се грижиш за мене ,што повеќе би можела да посакам?
Велиш јас секогаш бев твоја карпа, секогаш бев тука за тебе и кога не заслужуваше, а сега зошто ти не бидеш карпа за мене?
Посакувам да можев да те сакам на ист начин како што ти ме сакаш. Да можев да те гледам онака заљубено како што ти ме гледаш. Посакувам да можев да те направам среќен колку што заслужуваш, иако ти и со ова малку внимание што го добиваш си среќен. Жал ми е..на срцето не можеш да му наредиш кој да сака. Не ни било судено..можеби во некој следен живот.
Тежок сељак. Јас би се срамела многу на твое место, искрено. Иди излечи се малце и излези од тој пубертетот. Што нема да чујам, а од тебе па и не очекував до овој степен. Без мозок треба да сум ако после ова пак ми фалиш.
Те сакам затоа што си ми најголема поддршка и секогаш имаш разбирање за се, понекогаш се плашам дури што толку е се добро, како да е бајка
Сакав да ги кажам нешто оддамна Не ли мислиш дека е доста? Оди бегај ти од мене,време е да помислам малку и на себе! Те оставам без ич око да ми трепне Те оставам за да сфатиш што сме биле Те оставам за да бидам сама со себе Не верувам јас во тебе! И премногу зборови што ме гушат И премногу бакнежи,но без душа Немам сила за ништо веќе Време е да помислам малку и на себе !!!
После долг период дома, конечно решив да излезам со друштво. Многу очи беа вперени во мене, па дури разговарав со многу фер, убави и згодни машки па од нивна страна наидов на голем интерес за мене но... Мислите ми беа кон тебе. И по толку време, уште те сакам, уште мислам на тебе иако не би требало. Изминатиов ден, се убив плачејќи затоа што ме боли(ш) затоа што не можам да променам ништо. Ти беше и ќе останеш мојата најголема љубов но и грешка. Јбг. Ќе биде добро од сега понатаму, го допрев дното а велат дека штом го допираш, следно е одење нагоре... И после се, мило ми е што си добро. А сега чао. Ако не можам на јаве, тогаш во сон те имам.
Јас неможам вака, или да биде или крај, не сум таа истата личност од пред многу години морав да се сменам...