Станувам сабајле да си одам и го слушам само твојот глас "Дојди уште малку да те погушкам. Не си оди мразам кога си одиш, шо ќе правам јас без тебе". И јас не сакам кога се разделуваме ама тоа е далечината, секој со своите обврски...
Еднаш ме остави. Го пребродев тоа. Сега повторно се решаваш на ист чекор затоа што си од оние "љубени" што бегаат од љубов.
Порано бев пресреќна во оваа врска а сега...Сега не можам да разграничам дали е врска или јас и ти сме само за секс.
Си ветив себе дека нема повеќе да те сакам, ќе ги задушам чувствата, макар пукнала.. Толку беше, толку чувства имав, имам и јас свои граници, ти одамна ги помина ама ти давав време зошто мислев дека вредиш. Среќно со неа.
После точно 1 година. Дефинитивно е најдобрата одлука, се што се случи во овој период ми укажа на тоа. Дека се е излечено до сега, не е. Барем кај мене. На моменти ми фали тоа што го имавме и тоа што бевме едно време ние. Но најбитното што сфатив е дека не ми фалиш ти како човек туку среќните моменти со тебе. И за крај, ништо не ти посакувам..освен да гориш у пеколот.
Се борев против себе за тебе долго време и доста беше. Крај! Од сега секој ден ќе ме гледаш само среќна и насмеана. А ти биди си со неа повторно. И те молам кога таа не е во наше присуство да не трчаш кај мене. Немој да бидеш машка к**ва. Само пушти ме. Јас те пуштив. Уживај си во животот. Само заборави ме. Како да сум воздух, не постојам за тебе. Оди си кај неа засекогаш и не се враќај кај мене. Доста ми е од твоите игрици. Збогум.
Кога ќе ме изнервираш за ситници секогаш ми текнува на ова и ми поминува. I don’t care how hard being together is, nothing is worse than being apart. Навистина нема нишо полошо кога си ми далеку. Среќа скоро ич не се соочуваме со разделби, ама еве и при такви денови ќе издржиме. Не сакам гласно да кажам, ама имам грутка кога гледам како се спремаш. Знам де знам, што се 5-6 дена одма ќе поминат, но уште сега ми фалиш иако не си ни заминат. Како ќе заспијам без тебе, без твојот мирис и прегратка? Без да се стуткам во тебе? Преку телефон ли ќе ти раскажувам како сум се снашла на новото место? Кој ќе ме нервира овие денови низ дома и со кого ќе размислувам што да јадеме за ручек? Ама ај...Парови се разделени со месеци и издржуваат, па така ќе издржиме и ние неколку дена....така се тешам. Те сакам бре премногу
Едвај чекам да дојде утре и да дојде времето кога конечно ќе те видам. После полагање колоквиум и те како одмор ќе ми дојде времето со тебе.
Дефиниција за спокој ми е кога сум стуткана во тебе, ти дишам во врат и не можам да се наситам од твојот мирис. Дишеме полека во ист ритам. Околу нас не постои ништо друго. А кога ќе заминеш, останува твојот парфем на моиве раце, облеката, постелнината... Останала трага низ цела соба. И само посакувам да не избледи до наредното гледање. Еден ден е ваков, веќе наредниот искрснува нешто. Ти ја пуштам целата среќа на светов, а ќе бидам до тебе додека трае неизвесноста, без разлика што ќе биде на крај. А го заслужуваш само најдоброто. За сиот труд, љубов, жар и амбиции што ги имаш.
Ми се јавуваш после 4 години и што очекуваш да направам? Епа не може да биде како порано извини се сменав. Не сум таа што ја знаеше...Разговорите наши не може да бидат како некогаш, тоа е
Тоа што секогаш ми влијаеш толку позитивно и ме правиш среќна само се повеќе ме уверува дека до мене имам вистинска личност. Некои луѓе трагаат долго за да пронајдат вакво нешто како што имаме јас и ти, а јас имав среќа да те пронајдам релативно брзо во животот. Се надевам ќе останеш уште долго во него.
Само ти знаеш така убаво да ме тресниш од земја, за во наредниот момент да ме крениш в облаци. Колку пати пројдов и преку гордост и его за тебе не си свесен. Вчера само поради фактот што зборувавме долго пред спиење, легнав среќна и заспав ко бебе. Слаба сум на тебе. И ми нема спас.
Сакам да излезам надвор, да викнам гласно дека те обожавам . Да излезат овие интензивни емоции од мене, мислам дека се гушам од љубов. Мислам дека лебдам, не ја чувствувам земјата под нозеве. Но наместо да викам гласно, доволно ми е да те погледнам во очи и да ти кажам само тебе, доволно ми е тоа
Барем на неколку саати излези ми од глава да можам да учам. Барем заедно да бевме или нешто убаво да си мислев за тебе, ама не, ја само те пцујам и на тоа ги трошам минутите .
Преубаво ми е кога сме заедно и сакам цело мое време да го поминувам со тебе, тешко ми е тоа што морам да чекам викенд за да те видам, но ќе издржам уште малце Многу ми фалиш злато мое и премногу те сакам. Те гушкам најсилно.