Ти кажав се што ми лежи на душа, си ја уништив сета магија што си ја планирав како дел од годишнинат, пошто уништи се, односно ме разочара. Што очекуваш сега кога ме молиш повторно, после се?
Најбитно од се ми е што те имам тебе. Без разлика колку и да ми е денот безврска секогаш си тука за да ме расположиш и да ме потсетиш дека имам толку убаво нешто во мојот живот, ти. Едвај чекам да дојде викенд и да те видам.
Уште од првиот пат кога те видов и ми се тресеа нозе додека се доближував до тебе знаев дека ќе се заљубам. Баш ми се сврте помислата "oh fuck, наебав јас!". Среќа си ми, те познавам толку краток период а се осеќам со тебе како да те знам со вечности. Ми фалиш премногу но знам дека наскоро ќе те видам и ќе бидам твојот крлеж. Ама што да ти правам, знаеш дека сум гушкало големо и не можам да се одделам од тебе. Шербету мој! Спојлер ПС Можеби те растурам во шах али не ми се лути срц, јас пак те сакам!
Кога во погледот на човек што не ти бил ништо гледаш се. А во човекот кој ти бил се гледаш само празнина. Знаев одсекогаш дека припаѓам кај него, од мала и никогаш тоа чувство не го изгубив. 10 години те сакав премногу, секогаш ти беше тој. Знаев дека нема да ме заборавиш иако нашето траеше само месец. И денес само со поглед се ми беше кажано. Нашето никогаш нема да заврши. А со тебе идиоту не ми се верува дека денес ќе правевме 5 години, а кога те видов се чувствував како да не те познавам ни ден. Очекував да осетам "нешто" од тие ебани 5 години лигавење дека ме сакаш и дека не можеш без мене. Ништо..буквално празнина.
Какви планови имам за следната недела... Ама не ти ги кажувам уште сега, ќе те изненадам. Обожавам да ти го гледам сјајот во очите кога ти приредувам убави изненадувања Те сакам
Брзо ке помине времето и утре вечер ќе бидам повторно во твоите прегратки. И без разлика што се само два дена, јас целосно ќе уживам во нашето време