Криво ми е што ни пропадна планот за викендов ама затоа следнава недела дури 2 пати ќе се видиме, уште повеќе се израдував. Дека почесто се гледаме периодов, ми фалиш дури 2 дена да не се видиме, се чудам порано како по 2-3недели проаѓаа без да се видиме.
Ми недостигаш. Да си лежиме гушнати на кревет, да ти кажувам на уво колку многу те сакам, а ти срамежливо да се смешкаш и уште толку посилно да ме гушкаш.. Проклети да се овие 1500 километри меѓу нас, проклети да се сите овие месеци чекање.. Се надевам дека ќе успееме...
Колку си само фасцинантно прекрасна и убава!!! На толку луѓе кои влегуваат и излегуваат по цел ден од канцеларијата веројатно сум единствениот кој знае колку си неверојатно мила и слатка со секое движење со секој гест и со секоја прикриена насмевка. И сите тие поминале одовде и никогаш нема да знаат дека поминале покрај најпрекрасната жена на планетава. Напорните денови на работа ми поминуваат со задоволство и радост. Дали сум во твоја близина или не, е мерка на моето време.Не постои за мене омилено место за седење или излегување, постоиш само Ти и секаде во твоја близина ми е омилено место. Едвај чекам да ме подучиш нешто или нешто да ми објасниш во врска со работата. Интелегентната жена е неопходност за секој млад маж.!!!Постои чуден склоп на немир и релаксација кога го слушам твојот глас и при секоја интеракција и при секои разменети кратки муабети како за првпат да зборам како прв пат да гледам жена.Ти си мојата ЕВА Речиси а да не постои ден а да не ми е криво зошто никогаш ништо не кажав. А поминаа многу години. Сега гледам само едно исплашено и срамежливо младо момче на кое секоја вечер пред спиење пробувам да го убедам да направи нешто , да каже нешто . Но младото момче одамна го нема, а интелегентната жена е со свој живот и на свој пат. Но и среќен сум на можноста што ја имав да ја запознаам , да учам, и да бидам во близина на НЕА
Го уништи најневиниот дел од мене. И цел живот да продолжам да те сакам не значи дека ќе ти простам. Никогаш нема да заборавам како се чувствував овие два ипол месеци. И како ќе се чуствувам и понатаму, зошто знам дека ќе ме болиш уште долго. Како може да си толку без чувства и осет не знам, и не, твојата ментална состојба не оправдува за тоа како се однесуваш овие месеци со мене. Едноставно станат си неемпатична злоба. И пак плачам по тебе, е толку ме изманипулира.
Сакам да сфатиш дека ми е тешко да зборувам за мене и за тоа како се чувствувам. Сакам да сфатиш дека сум затворена и дека се плашам нешто да допре до мене. Дај ми време за да изградам доверба и ќе приметиш и самиот како ѕидовите ќе почнат да се рушат. Само не пробувај да го убрзаш процесот.
Сакам да мислиш дека воопшто не ме интересираш, дека сум продолжила со животот и дека си комплетно заборавен. А јас во тоа време ќе те сакам најмногу до сега.