Те сакам бе, колку време и да поминувам со тебе повторно не ми е доста. Се надевам нема да те угушам со оваа моја љубов.
Некои денови сеуште мислам дека учам да дишам. Некои денови, мислам дека сите сценарија што ги вртам во главата ќе ми го изедат срцето а грутката во грлото ќе ме распара. Ти си лекција. Одлучив да ти верувам. Ти си мој избор. Време е да си го вратам фокусот. И да дишам.
Ме донесе на едно место во душата каде што не верував дека некогаш ќе стасам- да бидам рамнодушна и затоа прави што сакаш...
Те сакам Најмногу сакам кога ми зборуваш за иднината. Иднината каде што сме ние Едвај чекам да си ги оствариме сите планови. Кога те држам за рака ништо не е тешко
Знаеш што е најлошото? Кога ги читам нашите љубовни пораки од времето кога бевме заедно, знам дека тогаш не сум била 100% сигурна во моите зборови додека пак ти со цела душа и срце ги пишуваше твоите. Сега јас 100% сум сигурна во тоа што тогаш сум го пишала, а верувам ти да ги читаш истите пораки ќе се смееш и ќе си викаш ех што ми било. Не очекував дека ќе се каам и дека ќе ми е криво, ама дефинитивно за сите работи се вртел кругот.
Кога за миг си помислив дека се е океј, повторно нешто се случи.... и знам дека сум многу нервозна но само во тебе гледам утеха. Толку многу ми требаш ти во овој период што сакам само да се стуткам во твоите прегратки. Ми доаѓаат солзи на очите кога го пишувам ова но ти си единствениот кој може да ме разбере и во кого гледам надеж. Посакувам да ја немав оваа анксиозност и да уживав во овој ден. Среќни две години љубен.
Многу пати се прашувам, зарем постои поискрена љубов од твојата? Дали некој би ме сакал и би ми пружил љубов чиста како твојата? Љубов која и без да ја искажеш со зборови, може да ја видам во твоите очи, во твојата насмевка, во твојата грижа кон мене, во твојата трпеливост, во твоето гордеење со мене... Дефинитивно нема да најдам.
Денес правиме 2ипол години заедно сонце мое, или како што ние обожаваме да си кажуваме 30 месечини. Се уште се сакаме како на почетокот, се уште сум заљубена во тебе како на првата средба. Ти си онаков каков што отсекогаш посакував да имам покрај мене. Да не беше ти немаше да осетам што е вистинска љубов, но и вистинско пријателство бидејќи не си ми само љубовник туку и најдобар пријател. Не можам животот да го замислам без тебе повеќе. Секој 5ти е посебен за мене, но секој ден се чувствувам сакано покрај тебе. Да ни се множат најсакан мој.
Не е здраво ова, ми фалиш и неколку саати кога ми поминуваат без тебе, а не па цел ден. Извини ако сум ти напорна понекогаш, се' e ова од таа пуста љубов
Мн ми значат твоите зборови од сабајле..Ме смируваат.Ќе поминат и и овие два дена и после пак сите на куп Едвај чекаме...
Ќе се сетиш на мене еден ден. Додека ја држиш за рака и сакаш да ја носиш низ животот. Да и' го исчистиш патот пред неа. Да и' го покажеш светот. Суровоста на животот. Додека ја советуваш да научи да се цени себеси и да не дозволи мажите да одредуваат колку вреди. Ќе ја подучуваш да биде храбра, своја, да сонува, да се бори, да успее. Да сака до лудило, но да не дозволи да ја скршат. Ќе се сетиш на мене еден ден. Ќе речеш.. " Имаше една луда, тврдоглава ама своја. Имаше соништа. Сакаше да лета, а јас сакав да и ги скршам крилјата. Сакаше само некој да ја сака, а јас ја разочарав. Беше сурово искрена, а јас ја лажев. Одвнатре беше искршена како стакло, но не дозволи да ја видам таква." Ќе речеш... " Јас погорда личност од неа не сум видел" Ќе се сетиш на мене тој ден. Можеби и некоја солза ќе ти се стркала низ лицето. Од тага, жал. Зошто како што еднаш рече... "Ова нашево по вторпат човек не го доживува"
Никогаш не сум чекала толку нетрпеливо за да се видиме. После вчерашните разговори кои траеја скоро 3ч, а и после некои отворени теми, сфатив дека ми фалиш ужасно мноооогу. Бројам денови, ајде нека поминуваат веќе
Кога ќе ме прашаш зошто се смешкам дур гледам како пиеш кафе или јадеш нешто, се смеам баш ради ова. Си мислам "колку го сакам човеков, види го колку кјут пие кафе дури, како да не го сакаш". Не знам каква магија ми напраи ама ме убеди дека постои љубов и ми покажа што е љубов, кога најмалку верував во неа, ете ти се појави и ми покажа дека и чудата биле возможни. Те сакам највеќе.
Претпоставував си слетал деновиве, ама дека ќе ми тропнеш на врата, искрено не очекував. Знаејќи колку си горд не помислував ни дека ќе ми се јавиш некогаш. Ќе ја паметам оваа ноќ како посебна. Ова е ноќта кога видов како сето време и далечина се губат во една прегратка. Ноќ кога се разбираме без зборови и кога сфаќаме дека ова е тоа. Фала ти што олку се трудиш за нас. Со тебе откривам нови димензии на човечност и храброст. Цутам бре покрај тебе!