Се изгубивме. Се изгуби блискоста помеѓу нас, довербата, другарството, искреноста, љубовта. Веќе немам сила, а и не сакам да се борам за нешто што не може да се врати. Можеби подобро е да се оддалечиме еден од друг и веќе никогаш да не пробуваме од почеток. Збогум.
Ти благодарам за прекрасното изненадување Засекогаш заедно, тие два збора ми се доволни за да бидам среќна до крај на светов. Засекогаш
Знам дека ме сакаш... Ама ич не помага тоа што на секои 5 минути го повторуваш тоа. Губи на значење муабето. Аспергер еден!
Ми фалиш будалче, имам потреба сега да те гушнам. Чувствувам голема паника за утрешниот ден и ми требаш да те гушнам да се смирам.
Колку ми е убаво кога и после толку време што сме заедно, сè уште ми пишуваш слатки пораки како првиот месец од нашата врска. Се топам на такви ситници, затоа што никогаш не забораваш да ми кажеш и напишеш нешто слатко. Те обожавам.