Леле колку те сакааааааааааааааааммммммм Лошо ми се пишува ако не се вразумам малку во брзо време Тешко ми е да работам, тешко ми е да се фокусирам на што било друго освен на тебе и на нашите моменти...
Извини што испаѓам толку cringe со мојот обид за хумор, ама ти ветувам ако се зближиме повеќе нема да сум волку очобол со моите пораки. вака се осеќам после секоја порака прости ми, ми се свиѓаш.
Извини, вечерва не сум расположена, не ми се прави муабет. Те сакам, не ме имаш налутено ти, едноставно онака се осеќам некако тажна и не ми се збори со никој.
Знам дека чекаш, но свесен си и сам дека веќе нема да ја добиеш. Среќен роденден, се' најубаво ти посакувам!
Сакам да ја уживам есента со тебе. Да одиме по некоја патека полна со листови, да направиме есенски фотографии, спомени кои ќе ги паметиме цел живот. Овие денови ми се од тие денови кога ме убива тоа што не сме блиску. Ама знам, времето брзо поминува, се ќе се среди и ќе се радуваме дека сме успеале. Да беше лесно, немаше да биде интересно. Те сакам највеќе.
За утре ти спремам мало, слатко поклонче. И сега, додека го спремам, со многу пазење да не забележиш нешто, толку сум среќна и возбудена што рацете ми се тресат. Ме правиш да се чувствувам како лудо вљубена средношколка што не гледа ништо друго и не забележува ништо околу неа. Сакам да ја гледам насмевката на твоето лице, да знам дека и јас имам удел во твојата среќа. Сакам да гледам како ти сјаат очите. Те обожавам. Го обожавам животот со тебе
Со тебе секој ден е прекрасен ти си прекрасен,не сфаќам зошто љубомориш за глупости зарем не си свесен дека за мене само ти постоиш ,незаменлив си
Вчера кога ме гушна и ми рече: "Леле колку сум среќен што те имам во животот" едноставно се стопив. И секој пат кога ќе ми речиш така. Колку сум среќна и јас, да те немав сега тебе немаше никој да имам. Ме тераш да верувам дека универзумот стварно има планови кои луѓе ги среќава во животот. А исто така дека јас и ти потекнуваме од иста ѕвезда.
Се чувствувам комплетно и интегрирано сингл. Не чувствувам грижа на совест за ништо. Знаеше дека нема да функционираме како конвенционален пар. Официјално и конечно сум слободна засекогаш. Слободна од обврски, размисли, морални дилеми. Животот е прекрасен, дишам!
Речиси и да нема ден, а да не си помислам колку сум среќна што си ми дел од животот. Без разлика дали правиш работи што ме нервираат или правиш да се топам покрај тебе.