А толку љубов има во нас двајцата тоа е неописливо, преубаво ми е шо овој пат се трудиме и двајцата, и тоа го правиме со љубов. Ти ги обожавам сите идни планови со мене, едвај чекам се полека да си се средува, кога сме еден до друг целиот свет го имаме во дланка.
Од идиоти ко тебе не можам шанса на друг да дадам, не верувам веќе во љубов, ни во збор ни во дела. Може и многу шанси пропуштам ама не си ти крив, јас сум.
Знам дека се однесувам ко гомно изминатиов период - егоцентрична сум до максимум, али ептен ми се насобра стрес периодов, куп работа и перфекционизам секогаш резултираат со хистерија кај мене. Нема оправдување за понашањево мое изминативе неколку недели, ама се ближи крајот на ова - после тоа ќе ти се препуштам 102% тебе и ќе ти надокнадам за секој момент кога посакуваше да ми ја учукаш една. Знам дека не се трпам на моменти, а толку прекрасен човек си, ме слушаш и ми се смешкаш само, наместо на клоци да ме дигнеш пошто вистина ја претерувам (особено денес, уште ми е криво за тоа што ти викнав а немаше потреба). Па уште коа ќе ме видиш ваква гроб утепана од работа и ми викаш дека сум убава се прашувам 100 пати како те заслужив и како дури и кога паѓаш за спиење наоѓаш начин и време да ме ислушаш. Уште не знам како заслужив ваков човек, али убаво ми е, се надевам дека ден како овој нема да се повтори веќе
Љубов моја, мисли каде ќе шеткаме следна недела Секој слободен момент го испланирав јас, леле едвај чекаммм...
Ептен зачестив во темава, но гајле ми е Знаеш што? Морам да ти кажам пак и пак: Те сакам и благодарам што ми го правиш секој ден најубав
Знам дека едвај се познаваме ама развив една многу 'чудна' навика кога ќе ми стигне порака од тебе. Вадам насмевка толку широка што образите пред прскање ми се и си се гушкам сама себе. Ај, можеби наскоро ќе ми бидеш во прегратки.
Ми фали тоа каков беше на почеток кога сеуште бевме во врска , откако се зедовме не ни знаев дека од мене ке напраеш робинка само за да ги гледам твојте што сте 100% будали и на секој начин гледат само да ме увредаат и да ме одалечат од мојте да немам контакт . Ама не си ти крив крива сум ја која бев кралица од сите те избрав тебе и ме направи магарица ..