Пред 3 години на овој ден се заљубив во тебе, ме освои со таа насмевка. На секоја средба ти се радував ко дете на омилената играчка. Со тебе заборавав на секој проблем, не постоеа проблемите кога бев до тебе. Знам, поради мене ти се случија многу лоши работи, избрзав, поверував на една глупава лага и сѐ се растури. Пропаднаа нашите соништа. Многу се каам поради тоа што слушав секој и секого, но сега е доцна за сѐ. Џабе се толку нервози и стресови кога знаеш дека нема ништо да се промени, нема тоа да врати личност која веќе си заминала. Прости ми за сѐ, те сакам.
Биди ми терапија после полагање колоквиум Те сакам, едвај чекам утре да се видиме, знај дека си ми најпосебен чим у сред денови на полагање за тебе издвојувам време.
Не можам да ти опишам какво влијание имаш врз мене срце. Се што некогаш гласно или потајно сум посакала имам со тебе, без да ти кажам што ми е, без да ти кажам збор ме разбираш. Поврзани сме на начин што не можам да го објаснам. Се што сакам е да продолжиме да бидеме среќни и полудени од љубов, да создаваме иднина заедно. Со тебе сум 100% своја, во најприродно издание, без лаги, без маска. Можам да ти кажам се што ќе ми падне на памет, без филтер. Ти се препуштам потполно, целосно сум твоја. Ништо пред тебе нема значење и се е избришано. Те има само тебе, не има само нас. Правиш да му се радувам на секој нов ден што доаѓа и да треперам само што ќе ме погледнеш. Ме сакаш и кога сум лошко, и кога сум мало ѓаволче. Знам дека не беше воопшто ваков каков што стана со мене, дека љубовта што ја осеќаш спрема мене те менува и тоа е добро бебо, зошто и јас се менувам, станувам попозитивна, повесела, попитома покрај тебе. Нема право или криво време кога е во прашање вистинската личност. Те сакам многу бебе, многу, најмногу!!!
Едвај чекам да те видам утре извини што бев малце кучка деновиве едвај чекам да те гушнам и да помине се .
Размисли уште еднаш, ако ме сакаш ќе дадеш уште една шанса за нас. Те сакам премногу, не сакам да те изгубам, ми фалиш
Врската на далечина си има и убави страни. Повторно ги чувствувам пеперутките во стомакот за утрешната средба после недела дена. Одвај чекам да те видаам
Вечерва како гром од ведро небо се појави пред мене. Искрено не знам дали да плачам затоа што никогаш нема да бидам твоја и затоа што нечива друга рака ме држи или пак да се смеам затоа што те видов после три месеци и успеа да ми ја разубавиш вечерта. Не знам што да мислам, не знам што да правам. По кој пат да тргнам? Знам дека не сум фер кон една личност ама па пустиов мој живот никогаш не бил фер кон мене.
Многу луѓе велат дека љубовта бледее и не е иста после неколку години како првите месец-два. Но јас не се сложувам со тоа. Да, можеби не е исто, бидејки тогаш ми се допаѓаше и имав пеперутки во стомакот срамежливо гледајки те со крајот на моето око, но денес те љубам, во вистинска смисла на зборот. Денес, во твоето присуство се чувствувам своја и удобно како пред никој друг. Кога ќе те видам кога ме чекаш на другиот крај од пешачкиот премин, ме огрева некое сонце, ми надоаѓа топлина. Може не се пеперутки, но е нешто многу повеќе од тоа, многу подлабоко. И дефинитивно не избледнува. Напротив, секој ден се раѓа ново коренче кое доплонително не зацврстува и не спојува во вечност.