Ова време лани бев во воз и за еден час од сега, се симнав за прв пат на станицата во градот што ми стана втор дом. Првиот дом си ми ти. Ние сме доказ колку времето е релативно. Силно верувам дека некои работи не се само случајност зашто немам, немам друг начин да го објаснам ова нашево. Моментално лежат 1205 километри меѓу нас. Ама толку си присутен во мене. Мој си благослов, и чудо. Да ни се множат љубов.
Цел ден на работа си ја вртам песнава на слушалки, мислам на тебе и си се смешкам цела со зацрвенети образи. Од авион ми се познава колку сум заљубена. Фала ти што постиш, има да те згмечам од гушкање наскоро.
Едвај чекавме да дојде недела. Да си посветиме време еден на друг. Уште од претходната недела, со нетрпение ја чекав денешнава. А ти вчера ме тресна убаво од земја. Сеуште не знам дали ме скрши или ме освести. После толку време, такви зборови да слушнам... Покрај илјадници глупости поминав за само да сум со тебе и вака ми враќаш. И пак, после се, јас ти се правдав и ти се извинував, а ти... Да не сум те замарала. Епа не грижи се, нема веќе. И јас имам вредност под која не можам да се спуштам повеќе заради тебе. Ако ова требало да ми се случи, нека. Од се сум излегла посилна, па така и после ова. Можда ќе ми треба подолго време ама ќе успеам. Ако ти е полесно- слободно окривувај ме мене за се и продолжи со животот како јас да ти бев ништо. Жалосно што после се, спаднавме на ова ниво. Жалосно.
Ми се јавуваш ми кажуваш дека ќе спиеш, и после два саата те гледам пред мене. Преубаво ме изненади не ни очекував. Те сакам најмногу на цел свет.
Се трудев дадов се од себе. Ако си решил океј, неможе да те предомислам. Се прашувам само зошто ако и ти ме сакаш и сакаш да си со мене не се потрудиш и се откажуваш? Дали да се надевам дека има надеж? Дали еден ден ќе ти текне и ќе се покаеш? Сеуште неможам да се помирам дека е готово, неможам вака да функционирам. Секое утро кога ќе станам се присетувам на тебе, тешко ми е премногу, неможам да спијам, мислам на тебе, како да продолжам јас понатаму....
Љубовта беше само збор без значење и без контекст додека не те запознав и додека не стана дел од мојот ден Сега знам многу нијанси и многу значења на љубовта И секој ден ти продолжуваш да ми покажуваш и откриваш нови значења, нови светови Ти благодарам што си до мене
Ти благодарам што толку веруваш во мене, дури кога ни јас не верувам во себе... Цела среќа на светот е собрана во тебе.
Ти си единствениот човек на светот кој седи пред ќумбе да се грее и јаде сладолед во исто време. Будалче мое
Цела недела додека да се видиме ми фалиш ептен уште сега. Ајде ќе помине и ова. Знам дека со ова што отсуствувам дека го правам за нас, да имаме подобро утре, да има на што да се надеваме. Сето ова еден ден ќе се исплати. Те сакам
Не знам дали после се, сеуште имам љубов за тебе. Се изморив веќе. Не оди ова вака. Не знам дали вреди да се борам воопшто. Како сама да сум, не со тебе.
Нема веќе пеперутки, се претворија во гасеници. Нема ни солзи, пресушија, ко љубовта моја. Ме бакнуваш во сон, се гушкаме, се враќаат спомени и чувства, но кога се будам сеуште стои забоден твојот нож на мојот грб.
Ти ме правиш среќна. Само да сме заедно и да сме среќни. Сакам да сум до тебе. Заедно да заспиеме. До тебе одма заспивам. И не, не од досадност. Кога сум со тебе не мислам на ништо. Пошто се што ми треба е до мене.
Периодов сум осамена. Тешки ми се ноќите. Тука си, а како да не си кога секоја вечер заспиваш рано, а јас останувам сама со мисливе да се борам. Не ми треба мене премногу, но твоите раце околу мене за мирно да заспијам, да. Разбуди се, не ме земај здраво за готово.
Не сакам кога си далеку од мене, кога треба да возиш навечер. Немам мир додека не си дојдеш, додека не ме гушнеш, додека не го слушнам она добра ноќ од тебе... Што ѓавол ме натера да звонам, да прашам до каде си. Во моментот кога не крена само подголтнав... Најдолгиот пола час со милион повици на двата телефона. Почнав да се тресам веќе. Само една мисла ми се вртеше во глава, гласот да ти го чујам, здрав да си дојдеш. Конечно крена, сонлив, ти паѓале веќе очите и си се уплашил да не заспиеш на волан, си застанал да дремнеш на паркинг. Колку многу те сакам. Едвај чекам да дојдеш, да ти го кажам истото шо 100000000 ти пат. Срцево да ми дојде на место.
Зошто сме толкави инаети. Сакам да ти го слушам гласот, доста веќе. Јас те чекам тебе, а ти мене, а со нашиот инает ко што тргнало нема да дочекаме, затоа некој од нас треба да го скрши мразот, па да продолжам на раат да си спремам колоквиуми...