Многу ми фалиш... Ти со работа, јас со работа и никако да се видиме. Џабе комуницираме по сто пати на ден кога не си до мене, ќе пукнам вака.
По стоти пат се прашувам што ќе правев ако не те сретнев тебе. Се уште не ми е верно и не ми е јасно со што заслужив да те имам покрај мене. Во едно сум сигурна. Ќе те сакам до крајот на животот. Ма и после тоа...
Ти кажав се и тебе, ама имам потреба и негде да напиша пак. Се одлучи да тргнеш по пат, за кој што за жал можеби и нема назад. Ја фрли цела моја љубов, како да немаше вредност. Ок е. Те пуштам. Како ќе се снајдам и преживеам после се, јас си знам. Но денот кога мене ќе ми стане сеедно, е денот кога тебе се ќе ти биде битно, свесен си и самиот. А до тогаш господ нека ни е на помош.
Тоа што сабајле коа дознав за земјотресот прво ти ми падна на памет ми кажува колку само сум те засакала. Знам дека те разбудив и од памет те извадив ама не можев да издржам, ќе пукнев. Тие 30 секунди дури чекав да ми дигнеш срцето ќе ми излеташе. Едвај чекам да те видам има да те полудам од гушкање.
Си ги прочитав старите мислења што сум ти ги посветила. И плачев и се смеев. Со години никој не ме инспирирал да напишам нешто такво. Никогаш повеќе не сум била лудо заљубена. Зеде се од мене со тебе, љубовта, емоциите, дел од мене. Станав практична и ладна. Не верував на ниедно те сакам изговорено од маж. Те сонував. Никој повеќе не направи да се почувствувам како со тебе. Ми недостига онаа јас што бев со тебе. Ми недостига некој со кој ќе танцувам. Некој што ќе биде среќен и горд на мене како ти што беше секогаш. Ќе те сакам секогаш знам, ама го сакам тој што беше ти пред години. Посакувам за момент да го вратам времето да сменам многу нешта да бидеме сега заедно. Ама знам дека ова е најдоброто за мене. Четири години поминаа. Знаеш ли што се направив? Знаеш ли дека земам двојно поголема плата и прошетав десетина дестинации? Знаеш ли дека на другиот крај на светот со друга личност до мене те сонував? И се колнев како можам. Некогаш сакам да те видам пак. Некогаш сакам да побегнам од се со тебе. Ама ти не си тој што беше со мене. И ти беше отровот кој полека ме труеше. Знам дека ќе се почувствувам цела некогаш пак. И знам дека ти глумиш среќен и тоа ми е доволно.
Година ли помина? Не ни почувствував како летна времето. Се сеќавам колку ладно беше надвор.А ние сред таа рушевина. И мислев дека од ова нема подолу.Го допрев дното. Ти мене ме спаси тогаш.Ми покажа дека многу работи од почеток можат да се почнат. И сега после година сакам само да се сеќавам на убавите работи од тебе. А не на денот кога ми ја лупна вратата без причина и замина.
Викендов ќе славиме, имаме причини за тоа, а како сме усогласени и кај двајцата во ист ден добро нешто да се дешава, абе сродни души.
Ти си најдоброто нешто што ми се случило.Навистина.Моја најголема причина за среќа.Понекогаш се прашувам со што те заслужив?Навистина сум среќничка Те сакам.
Зошто се качи во кола со тој човек зошто, сега цел пат ќе те мислам да не направите сообраќајка со таа луда брзина. Зошто наеднаш исчезна на сред разговор? Зошто не ми враќаш!? Не си свесен како ми чука срцето и колку се плашам за тебе. Знам дека во моментов крева некоја си огромна брзина и ќе полудам. Се грижам за тебе.