Не знам како имаш среќа шо сум толку смирена, ама трпение-спасение. Ќе си дојде и моето. Ај сеа спии си мирно.
Теле едно, зар мораше да се насолзиш само штом ме виде на video call? Колку малку ми треба да сум среќна, само твојот глас, ми се симна тон тежина од градиве штом се чувме. Знаеш добро каква сум, знам што сакам и дека не прифаќам ни атом помалку... а тоа што го сакам е многу едноставно.
И јадењето лук со тебе го сакам ,и се она со тебе што го правам го сакам. Ајде да си смрдиме ко вчера пак. Ми недостигаш упм Душа моја
Да ми кажуваше некој дека оној за кој не дишев...не јадев... За кој не живеев ќе е толку мал во моите очи не ќе верував, знсеш? Да мк кажуваше некој декс тие ноќи во самотија, чекорите во непознат град, звукот на дишењето во една осамена соба во непозната земја, солзата за тебе ќе се огледалото во кое ќе те гледам толку мал, не ќе верував, знаеш? Да ми кажуваше некој дека борбата за насмевката твоја, за трошка внимание и нежност ќе направи друга жена од мене, не ќе верував, знаеш? Да ми кажуваше некој дека кафето без шеќер, борбата за соништата кои ти ги исмеваше, аеродромите и хотелите, болката во грлото зошто немма на кого да му кажам се и да се исплачам, ќе направат да изгледаш смешен за мене, не ќе верував, знсеш? Да ми кажуваше некој дека се што поминав за тоа што мислев дека е љубов ќе те напрсви 0 маж во моите очи, не ќе му верував, знсеш. .. Ама така е.... Мал си и смешен... Мал и исплашен.... Мал и тивок .... Мал и безживотен.... А толку плачев, а толку те чекав....
Во моите фантазии сега сме некаде на планина, во дрвена куќичка, прегрнати, пиеме топло чајче и уживаме во топлината од каминот пред нас додека низ прозорците гледаме како паѓа снегче. Во реалноста спремаме колоквиуми и сме broken students шо немаат пари ни за на кафе, не па за некое патување на планина. Ама еден ден ќе биде, се што правиме сега ќе вроди со плод, а нашите фантазии ќе станат реалност. Мотивација си ми за се. Сакам да успееме. Сакам за 10г од сега да можам да изјавам дека сум ги исполнила соништата од студентските денови и дека сè уште сум со истиот човек до мене. Те сакам.
Твојата прегратка е најсовршеното место каде може да се биде! Понекогаш, не ми се верува како се најдов таму.
Ми викаш дека ќе најдеме решение како да оваа моја состојба е твој проблем. Се трудиш да ми помогнеш и да ме извлечеш повеќе отколку што се трудам јас сама, или па моите родители. Ете затоа те сакам, затоа што не се откажуваш од мене и покрај сè, затоа што знам дека нема да дозволиш да пропаднам во оваа црнила. Со што ли те заслужив, единствен мој?