Почнав да плачам. Од среќа. Не знам дали поради тоа што ми се врати желбата да сакам и да бидам сакана, да дадам шанса, што се чувствувам повторно жива после долг период, и што баш ти, човекот на кој што најмалку сметав дека ќе ми биде љубов, ми ги разбуди веќе одамна заспиените чувства. Ќе ти дадам шанса, немој да зажалам за тоа, убаво искористи ја. Мислам дека ја заслужи, ме заслужи, се бореше долго за мене, никогаш не ме напушти, секогаш ми беше потпора, рамо за плачење, заштитена и сфатена.
My baby's got a fucked up head Doesn't matter 'cause he's so damn good in bed Yeah he's still my baby Yeah he's fuckin' crazy but he's still my baby Нашата песна
Каде си и што правиш? Две години не знам ништо за тебе. Се роди бебе со твоето име и ме потсети. Веќе не доаѓаш, си најде место под ѕвездите, се надевам среќен си. Беше интересно поглавје во мојот живот, би сакала да те видам, да се сретнеме... Ти ме научи да гризам. Хах, толку кратко се знаевме, а ми предаде лекција за цел живот. Ме научи да загризам и да избегам на сигурно. И бегам да знаеш, од сите бегам, зашто светот е суров и ме повредува. Најдов засолниште во едни зелени очи, слични на твоите, и секогаш некако успевам да се засолнам и да се заштитам. Друго не знам што би ти кажала, доволно е што не те заборавив, а и никогаш нема. В
Човек, 30ка имаш, понашај се во склад со истата. Некогаш ти се восхитувам на зрелоста, другпат правиш да се чудам на зеленото во тебе.
Океј, чим пијан ме збориш само мене, ондак стварно ме сакаш. Пошто нели пијан човек=искрен човек. Ама дај не пиј стварно. И онака имаш толеранција како 16 годишна тинејџерка.
Убаво ми е планирањево и сонувањето заедно. Се радувам што се согласуваме за секоја ситница, за се што треба да се направи. Толку нови спомени ќе создадеме заедно, толку убави спомени ќе им оставиме на нив двајца. Самата помисла ми буди пеперутки во стомакот Многу сум среќна, а најмногу затоа што гледам како ти светат очите
Те љубам. Те љубам секое утро кое мириса на добар ден, со усните развлечени во полумесечина и со тек разбудени очи, додека допира до мене мирис на тазе сварено кафе... Те љубам, после првиот дим на цигарата која ја делиме, со срцево кое чука во осминки и шестнаесетинки, со песнава која настанува без да се потрудам, со секоја моја мисла која лета кон тебе без да се прашам со што ја заслужив оваа среќа. Те љубам, секој ден до твоето тело припиена, заборавајќи на се, да не слушам, да не дишам, да се изгубам во тебе, со здивот да изгорам и под твоите прсти да исчезнам...
Секогаш си тука за мене. Секогаш знаеш што да ми кажеш. Секогаш знаеш како да ме расположиш. Сега се е совршено. Животот со тебе е најубав .
Искрено мислев дека се она што ми се имаше случено до сега ме спремало за тебе. Завршив и преболев 4 годишна врска. Го преболев и оној што го сакав 10 години. Имав и уште една кратка врска која ми ги отвори очите за да сфатам што навистина сакам кај човек. И сега се појави ти. Совршено несовршен. Нема нешто што не ми се допаѓа кај тебе. На ничива порака до сега не сум вадела насмевка било да сум дома во темница или надвор меѓу толпа луѓе. Со никого не сум имала толку слични мислења и интереси. Јас го пронајдов тоа што ми треба и тоа што одсекогаш го посакував. Но, ти не ме најде мене. Боли и ќе боли некое време, но нема да престанам да се надевам дека постои исто некој ваков како тебе, некој со кој ќе се најдеме во исто време.
Кога и да слушнам И од Италија, ме потсеќа на тебе, на нас. Таму се роди нашата љубов, таму започна сѐ. Таму сакам и да го прославиме овековечувањето на нашата љубов! Не во Париз. Тоа е мојата мала желбичка...
Се враќам од работа и се радувам што ќе те очекувам да ме одведеш некаде далеку од дома а во глава ми се врти песничево и никако не излегува
Уморна сум. Уморна од тоа да те немам,да ме немаш. Да те сакам од далеку, да се молам за тебе да бидеш само ти добро притоа заборавајќи на себе, до кога? Ниту еднаш ли не се запраша како ми е мене? Како живеам јас без тебе и без твоите очи? Не ме бараш ли да поминам на нашето место онака среќна и полна со живот ко некогаш кога доаѓав накај тебе, сонувајќи да бидам мајката на твоите деца, цел живот да те заспивам и будам.. јас себе се отфрлив само да ти дадам тебе, да добиеш љубов,да бидеш добро, а за само една твоја насмевка минував километри и километри. Па тогаш зошто сега сме само спомен? Зошто и оваа ноќ болиш..зошто е празно твоето место на креветов? Нели не сакаше никогаш овие очи да плачат? Епа плачат душо, никогаш и не престанаа, исто како што и јас никогаш не престанав да те чекам, да се одлучиш, да сфатиш..но знаеш што е најлошо? Тоа што никогаш нема да се сменат работите исто како што ни мојата љубов кон тебе што не престанува. Те сакам, проклето нека е.
Зошто мора да имаме толку нескладен распоред на обврски? Четврток се надевам ќе биде наш ден. Те сакам и многу ми фалиш