Продолжен викенд, јас и ти акаме по друмови, дал ни е топло-ладно кој не праша јас и ти сме банда наша Ме опи кафето не љубовта твоја, а тек па што ме чека од она поклоништана твои
Ми фалиш сеуште. Болиш сеуште. Пробав да одам на дејтови, да дадам шанса. Чудно ми беше, различно. Не беше ти, не ме гушкаше како ти, не ме разбираше како ти. Го саботирав нештото уште пред време, не можев. Уште ја имам лојалноста кон тебе. А ти фалам ли јас барем малку на тебе? Ќе се сетиш ли на мојот роденден? Ќе ми пишеш ли? Сакам да можам да те видам барем уште еднаш, на еден ден да бидеме оние старите јас и ти, и да не те испуштам од гушкање.
Како да ти објаснам се беше преубаво тогаш, со денови и ноќи тоневме во разговори, длабоко во себе ги почувствував пеперутките,сакав ти да бидеш тој со преубавата насмевка и привлечните усни создадени за грицкање. Мислев ќе потраеме, толку беше вистинито за да биде лажно. Создадов чувствува од кои подоцна ми станува мака, од кои плачам со денови. Се случи нешто, се оддалечивме, пак јас повредената. Се надевав на повик, на слики, бар збор, ништо. Помина време ме побара. Несвесен дека ме повреди, ми ласкаш, ме убедуваш а јас преладна, уште и смелост да ме прашаш зошто сум незаинтересирана. Седнав со отворени карти да зборувам со тебе и да ти кажам дека си нестабилен, и дека јас сакам нешто посериозно да создадам своја империја. Не добив одговор освен она што те интересира тебе, да ти дигнам морал. Некогаш ми беше слаба точка, мој убавецу. Сега веќе е касно за се.
Овие пеперутки што леткаат во мене не се споредуваат со ништо друго на светов, со ниедно друго чувство. Те сакам. Те сакам бескрајно. Џабе се обидувам да опишам, џабе се обидувам тука да се искажам, можам само да ти објаснам со поглед, со допир, со прегратка
Те мислам овие ноќи, овие долги вечери, толку многу далечен, недопирлив, недостапен за мене,и ги составувам сама сите скршени парчиња срце. Се навикнав да бидам сама, и понекогаш пуштам солза кога ќе се потсетам на тебе. Ретко мислам, но кога некоја песна ќе ме потсети, се кршам и одново почнувам, затоа што сум силна личност. Ме научи да бидам силна и недопирлива, баш каков што беше ти. Ми остави длабоки лузни, прашувајќи се зошто се промени, ама сепак со високо крената глава продолжувам со луѓето кои ме сакаат, тој ме сака, не се откажа иако знаеше против што и кого се борам. Колку и да го туркам од себе, тој следниот ден повторно е овде, обидувајќи се со сите сили да ме крене, никогаш не ме демотивира, туку ме бодри да продолжам, а јас сум му благодарна. И ќе го засакам, се надевам. Ќе дадам се од себе да го направам среќен ако бидам со него еден ден. И уште нешто... Се уште ја слушам првата песна која ти ја испратив..
После неколку тешки месеци за двајцата, денес повторно се почувствував толку смирено и безбедно во твоја прегратка. Сепак не згрешивме што си дадовме втора шанса.
Од кога те имам тебе во животот, се е прекрасно. Премногу ме изненади, поубава порака немам прочитано одамна. Како ќе те изгушкав сега да беше до мене!
Океј, никад никој така не ме гушкал, притоа да се плашам дека ќе ми пукне некоја коска. Абе те сакам во моментов во прегратка и да не те пуштам, да те згмечам, иако немам сила, ама така ми иде. Од вишок љубов!
Откако сум со тебе, често ме прашуваат "како си секогаш толку насмеана, расположена" и понекогаш сакам да викам на цел глас "зошто сум пресреќна, зошто неговата љубов ме прави најсреќна на свет и задоволна од се во животот, а и како да не сум кога го имам прекрасниот човек до мене". Неизмерна е среќата што ја предизвикуваш кај мене. Знам дека 100 пати ти имам кажано ама ти си ми најдоброто нешто што ми се случило.
Годинава што измина ми покажа колку амбицијата може да ме подготви на сè и ниту еднаш да не се покаам што нашето завршило. Те надраснав за век и векови во мигот кога ти го скратив секое право да доаѓаш и заминуваш кога ќе посакаш. И не може да бидам позадоволна од себеси за тоа што се изборив за себе. И ова е само почеток. Уште многу ќе се остварувам и ќе си ја ценам слободата.
Јас, ти, далеку од цивилизација, куќарка на Алпите, камин и две мачки. Сакам не да се штипнам, туку да скокнам од не знам каде, за да се уверам дека не си сон. Не знам, не знам со што го заслужив ова. И љубов, далечината меѓу нас знае да ми разбуди демони ама ми треба само твојот глас да се потсетам што ме турка напред. Зашто вредиш, бескрајно многу и секој ден гледам горе и му се заблагодарувам на универзумот што те прати во мојот живот.