Секоја вечер се прашувам со што те заслужив тебе? Најубаво ме прошета, ме замрзна по друмовите и снегот, ме стопли со винце и освои со букет рози и многу многу љубов Јас не да те сакам Спојлер јас те обожавам
Еве си досадијо една најубава што не знае да ќути кога гледаме филм. Не знам зошто полиција го брка типот, не знам зошто не се смирува со невестата и не знам што ќе се случи Ај можеби некад ќе изгледаме филм до крај без јас да се изнајадам лајна и ти да не ме прашаш нешто сто пати
Едноставно. Ако не ти текне да ме побараш периодов, мене никогаш понатаму нема да ми текне дека постоиш. It's up to you.
Би продолжила понатака да знам дека за 10 години ќе се сретнеме пак и ќе остариме заедно. Вака, бирам сите турбуленции во овие 10 години да ги поминиме заедно. Има нешто во тебе што ме тера да те сакам, што и да направиш не ми ги менува чувствата за тебе. Ако ова не е љубов, не знам што е...
Ах, едвај чекам да си ги оствариме сите наши планови. Душо моја, те сакам, те сакам, те сакам. Доволно ли е за да ти опишам колку?
Не можеше да ме разбуди поубава вест Едвај чекам, љубов моја Сега благодарение на тебе цел ден ќе носам насмевка на лицето, ќе издржам се' , ништо нема да ми го расипе расположението зашто знам дека не' очекуваат прекрасни празнични денови
Аи бе, ми го направи денов преубав. Колку сакам вака кога непланирано и двајцата ќе си пишеме "завршив, си идам накај дома" и у рок од 1 секунда се договараме чим е така да се видиме. Твојата прегратка ми е рај на светов.
Најубаво е кога пред некој можеш да си целосно своја и тој некој да те сака баш ради тоа што си. Навистина сум среќна што најдов таква личност пред кој можам да бидам своја, а истовремено да сум сакана. Никогаш не мислев дека толку млада би пронашла партнер како тебе, дури не ни верував во љубов пред ти да ми ја покажеш истата... Али кога најмалку си очекувал тоа се случувало значи. Секој ден се повеќе сум сигурна дека сакам со тебе да "пораснам" и да си до мене и во иднина. Камоли да можеш за миг да се погледнеш од моја перспектива и да сфатиш колку многу си сакан, тогаш никогаш повеќе не би бил исплашен и не би имал мисли од тип дека некогаш ќе си ми здосадел. Ама ако, не мора да знаеш се, после да не почнеш многу да се перчиш