Денеска се што ми недостасува си ти. Ништо друго нејќам, само блиску да си ми... Ама да не си го расипуваме денешното расположение, битно е што си се имаме еден со друг, знам дека се ќе помине и еден ден ќе можам кога сакам да дотрчам кај тебе и да ти прегрнам...
Ќе те сретнам некогаш сосема неочекувано и се што имам да ти кажам пак ќе премолчам. И ќе се тешам после, не требало да биде.
Не' очекуваат прекрасни денови, денови само за нас И колку се радувам, немаш поим! Вљубена сум во тебе како првиот ден и ти си доказ дека тоа не избледува туку така, баш напротив. Чувствата може да траат и да растат, доволно е човек да се вложи и да ги негува
Знаеш можеш да ми кажеш едно среќен роденден од чиста култура, ама ај и тоа е премногу да очекувам од тебе.
Знаеш дека еден период моите чуства кон тебе како да замреа. Некако како да испарија, исчезнаа но,по случката која ни се случи здравјето на твојата мајка хм поради која и те отсакав а сега е причина за повторно да те засакам. Чудно е нели?! Нешто прекрасно ми се случува. Се јавуваат повторно чуства заљубеност смешно е после 16 цели години а на праг е 17та како заедно живееме под ист покрив вака да се чуствувам како заљубена тинејџерка но прекрасно е многу е убаво ми фалеше ова ми фалеа чуства кон тебе сакав да те сакам а нешто ме спречуваше сега таа препрека ја нема и како нашите души кои талкаа повторно да се сретнаа и повторно се заљубија. Ти си моја сродна душа знаеш ли? Јас после сето ова верувам дека е така. Те сакам!
Ти го обожавам хуморот значи, и во најлоши моменти знаеш до солзи да ме насмееш. И после толку време од нигде никаде ќе дојдеш да ме гушнеш силно, ќе ме бацнеш во чело и ќе ми кажеш дека ме сакаш. Не си свесен колку ми значат ситниците (а за мене големи работи) што ги правиш за мене. Колку ми значи тој доручек на работа кога не можам да излезам, чајот со лимон и мед кога сум настината, покривка кога ќе задремам. Небо и земја превртуваш за да ги изненадиш клинците, дефинитивно си најдобриот "Дедо Мраз". Шириш таква позитивна енергија кога си среќен, таков сакам секогаш да те гледам. Како да не те сака човек? Некогаш си викам, не е можно да си ваков и после долги години заедно
И се' останато. За другите сум себична кога станува збор за јадење Ама тебе и средината на палачинката ти ја давам без проблем, знаеш
Ај да се видиме што побрзо, потребен си ми ама многу. Да ме смириш, да ме гушнеш, да се чувствувам како цел свет да е мој и е собран во тие раце што ме прегрнуваат и очи што ме гледаат.
Некои постапки ти се толку непромислени и детски. Ама ти всушност никогаш не порасна. Се' уште си во онаа фаза на развој кога плачеш што некој ти ја земал омилената играчка, без притоа да сфатиш дека сам си ја уништил. Уживај во 'детството', светот на возрасните е премногу суров.
Точно година ипол откако сме заедно, уау, колку брзо ми пројде времето со тебе. 21ви ми е најубав ден, денот откако ти официјално ми го направи животот поубав, во право си дека ќе ми донесе утре среќа, бидејќи ти ми носиш среќа. Се е поубаво откако те имам тебе.