И сама знаеш дека те сакам, толку малце ми фали да те направам среќна ама ми треба твојата жртва, знаеш што сакам и не можам без тоа, не можам да те гледам како другарка а ми фалиш секоја ебана секунда се повеќе и повеќе
Не ти кажав никогаш ама го решив проблемот со желудникот, те послушав беше во право и отидов на лекар исто така и со полагањето за кола, продолжив, доста се лигавев сакав да те послушам и за цигарите ама па сега кога те немам воопшто ми требаат, некако ми помагаат, не дека те заборавам фала богу не ама со нервозата, во таа смисла ми помагаат.. Само што почнав многу повеќе да ги пушам.. Секоја моја помисла на тебе и јас веднаш палам цигара.. Ете со реков периодов ке си го дозволам тоа, сепак преболувам, нели? Ама и нив ке ги оставам и за тоа ке те послушам, сепак твоите зборови за нив сеуште ми се врежани во главата.. Сакам и да ти кажам дека ке се селам, конечно одлучив, ке одам за Хрватска.. Не само летен период туку засекогаш, добро не засекогаш само дур поминат 5те години за да земам пасош после тоа доаѓа нов предизвик ама ке одам. Не поради тоа што те губам мислам и тоа има удел не викам не ама ке одам поради тоа што мислам дека е праведно, се тешам со она дека таму ке имам повеќе среќа во љубовта штом тука ја немав баш премногу. Ама сакам и да ти кажам дека те сакам и тоа во моментов дур не сме во контакт повеќе од порано се осеќам како да ми фали дел од себе, дел во градиве.. Јебига знам дека ова нашево ако воопшто можам и да го кажам наше беше нешто поинакво сепак сакам да знаеш дека те сакам и тоа многу. Повеќе од секоја претходно, ме нервираш и лутиш на моменти како на пример кога ми го заборави роденденот леле колку ли само ме изнервира тој ден ама гледаш мојата лутина брзо помина обично не сум таков, голем лутко сум ама тебе не можам ни да ти се лутам.. Тоа само докажува колку многу те сакам.. Штета, штета..
Оддамна немам пишано тука. Можеби бидејќи се ти кажував. Или можеби дека бурата помина, конечно. Поради тоа ќе се вратиме на нашите авантури. Едвај чекам да кампувам и да планинарам. Ми фалеше слободата, конечно дојде време.
Ти ветувам, ќе се доведам до ред, ќе направам се што можам, ќе дадам се од себе, ќе бидеме јас и ти среќни љубов моја. Само остани до мене.
Можеби сме 3 години заедно, но не можеш да очекуваш магично да ме вклопиш со луѓе што не си се потрудил никогаш да ме вклопиш, само затоа што е една мочана НГ. И уште да очекуваш да си поминам убаво и со сите да ми иде муабетот и веселбата. Ќе се чувствувам како падобранец, а вината за тоа ни на крај памет да не ја бараш кај мене. Како не сваќаш дека Нова година е само една ноќ како сите други во текот на годината. За НГ не смеам да се чувствувам како да не припаѓам или да ми е глупо, а за секоја друга "обична ноќ" it's totally fine да сум аутсајдер и отворено да бидеш ко "Знам дека ти е глупаво меѓу нас, затоа и не се ни трудиме да те вклопиме бар некогаш".
Знам точно како да те разубедам дека грешиш. Ама ко што викаше ти.. Некој ако не ти верува, џабе е се. Не вреди. А и тоа твоето правило така вика нели...